Општиот контекст е поволен за слободата на медиумите и овозможува критичко медиумско известување, се вели во извешатјот на Европската комисија за состојбата на медиумите во Северна Македонија.
Изменетиот Кривичен законик и Законот за граѓанска одговорност за клевета го подигнаа севкупното ниво на правна заштита на новинарите. Сепак, забележани се голем број напади, закани и одредено застрашувачко однесување кон новинарите, се наведува во Извештајот на ЕК, при што се потенцира дека условите за работа на новинарите остануваат предизвикувачки.
Според ЕК, потребна е поголема транспарентност во однос на медиумското рекламирање од страна на државните институции и политичките партии, како и реформа на јавниот радиодифузен сервис за да се зајакне неговата независност, професионални стандарди и финансиска одржливост.
– Од декември 2018 година, Парламентот го одложува назначувањето на Програмскиот совет на јавниот радиодифузен сервис и Советот за медиуми, се наведува во документот.