ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Коломина: Северна Македонија има стабилизирачка улога, и билатерално и мултилатерално

November 8, 2023 13:02
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Северна Македонија од нејзиното зачленување во НАТО ги потврдува своите заложби за почитување на вредностите што ги промовира и застапува Алијансата. Таа е почитувана членка која придонесува за безбедноста на регионално ниво , но и посветен сојузник што ги почитува целите и споделените заеднички вредности. Тоа меѓу другото го изјави заменик-помошникот генерален секретар за политички прашања и безбедносна политика на НАТО и специјален претставник на Генералниот секретар на НАТО за Кавказ и Централна Азија Хавиер Коломина на денешната прес-конференција по средбата со шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи.

Коломина пред медиумите истакна дека од зачленувањето Северна Македонија ја докажала својата подготвеност во рамки на меѓународната заедница да се продолжи да се работи на воспоставување стабилност онаму каде е потребно, притоа посочувајќи ги и регионалните безбедносни предизвици.

– Од стратешка важност е зачувувањето на стабилноста на регионот. За тоа ќе зборуваме и на состанокот на МНР предвиден за крајот од ноември…Таму уште еднаш ќе подвлечам  дека и мултилатерално и билатерално Северна Македонија има стабилизирачка улога, рече тој.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, од своја страна, посочи дека со претставникот на НАТО имале продуктивен разговор фокусиран врз безбедносните состојби во регионот,  при што била истакната согласност за потребата од синхронизирано делување на НАТО, но и на ЕУ на овие простори, со цел забрзување на процесите за регионална евроатлантска интеграција.

Според Османи, таквиот чекор е клучен за зајакнување на регионалната стабилност, а тоа, како што посочи, ќе го спречи делувањето на трети земји во регионот.

По однос тригодишното членство на Северна Македонија во НАТО, Османи рече дека во тој период земјата докажала дека е кредибилен и одговорен сојузник насочен кон промовирање на регионалната и меѓународната безбедност.

Османи уште рече дека Северна Македонија останува посветена на политиката на НАТО на отворени врати и во тој контекст очекувања за брза ратификација на пристапниот протокол на Шведска што ќе го отвори патот за нејзино полноправно членство во НАТО.

-Сметаме дека проширувањето на НАТО не претставува закана за ниту една земја,  напротив – е насочен кон инклузивна соработка и стабилност на трансатлантскиот регион, рече Османи.

Tags: КоломинаОсмани
Next Post

Агелер: Видовме малку докази дека Судскиот совет ги исполни своите законски обврски

НАЈНОВО

Филипче: Трајановски е јасен избор за напредок, Аеродром заслужува повеќе

October 26, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Гест што Холивуд не го заборава: Џорџ Клуни им подари по милион долари на своите пријатели

October 26, 2025
Париз, Лувр. Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Приведени две лица за грабежот на накит во Лувр

October 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk