ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Арсовска се попишмани, сепак ќе го реализира БРТ проектот на Шилегов

November 9, 2023 15:39
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, се попишмани во врска со проектот брз автобуски транспорт (Бас рапит транзит – БРТ) што го започна претходната градска администрација на чело со Петре Шилегов.

„Скопје конечно ќе добие нов транспортен систем. Системот за Брз автобуски превоз доби зелено светло од меѓународните партнери со што започнува неговата реализација во главниот град. Проектот подразбира изградба на два нови терминали, на транспортни центри, обезбедување на непречено сообраќање на автобусите, како и набавка на нови еколошки автобуси кои користат ЦНГ…“, истакнуваат од Град Скопје во денешното соопштение.

Оттаму нагласуваат дека „по две години отстранување на пречките на проектот предизвикани од претходното градско раководство, градот Скопје конечно ќе добие нов транспортен систем“.

Едно од главните предизборни ветувања на Арсовска чија кандидатура беше поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, беше дека проектот брз автобуски транспорт (БРТ) нема да биде реализиран. Таа откако ја презеде функцијата на градоначалничка рече дека граѓаните со нејзиниот избор, гласале за нејзиниот проект за набавка на 250 нови еколошки автобуси и бесплатен јавен превоз.

Скопје сè уште се гуши во сообраќаен хаос, а скопјани не видоа ни еден од најавените 250 нови еколошки автобуси на Арсовска, уште помалку од ветениот бесплатен градски превоз.

Град Скопје во декември 2021 година го стопираше тендерот за изградба на брз автобуски превоз.

Во телевизиско гостување во декември 2021 година градоначалничката Арсовска најави можно распишување на референдум за тоа дали скопјани поддржуваат воведување на БРТ системот во јавниот превоз на главниот град или не.

„Референдумот е една од опциите за граѓаните да излезат и да одлучат. Не само за ова, ќе почнеме да го практикуваме и за други работи“, рече Арсовка на Канал 5 ТВ.

Таа тогаш рече дека останува на нејзиниот став дека БРТ системот не е добро решение за Скопје, а наведе и неколку критични точки поради кои смета дека ризиците се поголеми од евентуалниот бенефит. Првата, како што рече, е што доколку се воведе овој систем на градски превоз ќе биде потребен нов мост на местото кај постоечкиот „Обединети нации“ во Влае, што пак би биле дополнителни трошоци од шест милиони евра. Друга критична точка, според неа е што тврди дека ќе се отстрани целото зеленило по средината на „Партизанска“, а како трета ја посочи главната водоводна инсталација која поминува под средишното зеленило на овој булевар.

Никола Наумоски, шефот на кабинет на поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, во објава на фејсбук вели дека Арсовска лаже дека од нејзиниот тим работеле две години на отстранување на пречките на проектот БРТ.

„Данела после две години ги отстранила грешките на претходното градско раководство на БРТ проектот и ќе почне да го гради. Дека ништо не сменила кажува и користењето на промотивните материјали за БРТ. А, дека лаже дека работела две години, говори користењето на грешна драфт мапа со згрешена рута на првата линија. Најбољата менаџерка во Европа“, коментира Наумоски.

За БРТ во Скопје, во Парламентот беше донесен и закон за задолжување од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), која позитивно го оцени и одобри овој проект. ЕБОР додели 70 милиони евра за реализација на овој проект.

Во ноември 2021 година министерот за транспорт и врски Благој Бочварски нагласи дека во предлог-буџетот за 2022 година предвидени се 246 милиони денари (4 милиони евра) за воведување брз автобуски превоз (БРТ) во Скопје. Тој тогаш нагласи дека тендерската постапка за овој проект е во тек и ја повика Арсовска да ја преиспита најавата за откажување на проектот.

Ј. Ѓорѓиоски

Tags: АрсовскаБРТСкопјеШилегов
Next Post

Ердоган: Подготвени сме да дејствуваме како гарант во решавање на војната помеѓу Израел и Хамас

Shortcut

Најново

Политиката пред правото? „Мазут“ повторно во истрага – Вишото ЈО бара нови вештачења иако претходно немаше утврдена штета

August 31, 2026
Image: Bing Image Creator

Како вештачката интелигенција го менува нашиот живот: Фикцијата останува фикција, но Механизмот…

August 31, 2026
Фото: Томислав Георгиев

„Фолтин“ со јубилеен концерт во Хераклеа одбележа 30 години со публиката

August 31, 2026

Штерјова: Автобуси што горат и превоз што не функционира – ова е резултатот од 10 месеци Орце Георгиевски

August 31, 2026

Цаневска: Македонија има највисока стапка на западнонилска треска во Европа – кој ја менаџира кризата во Скопје?

August 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk