ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Маричиќ: Последниот извештај е на ниво од најдобрите од 2019 или 2020 година, опозиција е клучна да покаже одговорност со уставните измени и со реформите

November 9, 2023 18:40
in PMD, ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА

„Имавме перфектен извештај денес како што сме го имале најдобриот извештај од 2019 или 2020 година, историски гледано. И тогаш ги направивме идеалните извештаи а не можевме да ги почнеме преговорите заради билатералните спорови“ изјави вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во негово гостување на Вести на Канал 5 Телевизија.

Тој додаде дека без разлика на критиките во извештајот, тие критики се преведени во план за акција преку патоказите, но тоа не може да ни помогне да ги почнеме преговорите доколку ги немаме усвоено уставните измени.

„Апелирам до опозицијата дека ако сакаме да имаме одговорна опозиција, да ги направиме заедно уставните измени за да се фокусираме само на реформите и да видиме кој е одговорен и кој може да работи подобро и кој може да испорача подобри резултати“, заклучи Маричиќ.

Опозиција е клучна да покаже одговорност со уставните измени и со реформите ако сакаме да покажеме дека навистина сме за Европската Унија, вели Маричиќ.

„Опозиција е клучна да покаже едно ниво на одговорност и со уставните измени и со реформите ако сакаме да покажеме дека навистина сме за Европската Унија“, изјави вицепремиерот.
Тој нагласи дека со овој извештај заедно со скрининг извештаите добиени за првиот кластер се водич како да се направат клучни патокази и за да се исправат слабостите коишто ги имаме, а не за да се утврдува чија е вината. „Нашиот дел поврзан со скринингот и овој извештај и поврзан со сите реформи го тераме редовно. Со завршување на процесот на скрининг работиме на утврдување на тие патокази и тука ќе си ги завршиме задачите. Ако не бидат направени уставните измени ќе застанеме по утврдување на тие патокази и нивното праќање во Брисел, затоа што за да се продолжи понатаму преговарачката рамка увврдува обврска да се донесат уставните измени“, потенцираше Маричиќ.

Тој заклучи дека има впечаток дека опозицијата често како изговор користи критики или коментари од некои амбасади или пак во вакви извештаи како изговор за да не се направат уставните измени.

Tags: Бојан Маричиќ
Next Post

Бајден: На Нетанјаху му треба „подолго отколку што се надевав“ за да се согласи за целодневни хуманитарни паузи

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk