ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА

Шукова: Воспоставување на основна инфраструктура за управување со отпад е главниот еколошки предизвик на Северна Македонија

November 11, 2023 14:54
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Воспоставување на основна инфраструктура за управување со отпад е главниот еколошки предизвик на Северна Македонија, изјави министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, одговарајќи на новинарски прашања, во рамките на третиот форум за социо-еколошка трансформација кој се одржува во Скопје, а учесниците разговараат за можностите, но и предизвиците кои се последица на преминувањето од конвенционален енергетски систем кон систем на чиста енергија.

Таа нагласи дека законот е донесен веќе дваесетина години, но поради многу слабиот напредок од страна на општините во таа насока државата го презеде регионалното управување со отпад.

Работиме активно во моментов на седум региони во државата. Осмиот е Скопскиот, останува за подоцна, бидејќи таму ќе требаат многу поголеми финансиски средства. Работиме на воспоставување на основна инфраструктура, со примарна селекција. Да ги намалиме количините на отпад, што ќе ги депонираме финално на новите централни депонии, што ќе бидат по европски стандарди. За овие седум региони, ќе бидат четири. Три нови и рехабилитација на Русино, за извесен временски период, додека не се најде нова локација или се обезбеди проект за проширување на Русино, изјави Шукова.

За квалитетот на воздухот, потенцира дека е започнат нов проект финансиран од Европската Унија што ќе се спроведе во Скопје, Куманово, Тетово и Битола. Ќе има неколку компоненти.

Најголемата, од околу 5. 5 милиони евра, ќе биде за замена на нееколошки со еколошки системи, во јавните објекти. Мапирање, како што рече, се правело веќе подолг временски период. Еве гледаме дека и невладиниот сектор исто така активно се вклучува. Ги поканивме секако, заедно да го направиме тоа. Сѐ уште има јавни објекти каде што треба да се заменат нееколошките системи. Го правевме тоа до минатата година, го правиме и оваа, продолжуваме, овојпат со европски пари, нагласи Шукова.

Tags: предизвикСкопјесоци-еколошки форумуправување со отпадШукова
Next Post

Пендаровски: Етикетирање, дискредитација и обиди за регулирање на новинари и медиуми имаше и во минатото и сведоци сме дека таквите процеси не доведоа до демократски развој

Shortcut

Најново

Гасење пожари (архивска снимка, извор: ФБ страница на ЦУК)

Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

August 10, 2026

Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

August 7, 2026

СДСМ: Кој оди на екскурзија во Брисел среде лето? Само оној што има таен план „под радарот“

August 6, 2026
Фото: Влада

Мицкоски: Македонските аеродроми се најбрзорастечки во регионот – тоа е резултат на работата изминатите 25 месеци

August 6, 2026
Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

August 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Им симнувам капа на РКМ“: Сведочења за случајот „Мазут“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk