ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Џафери: Касами го злоупотреби Собранието, нејасно е во кое својство говореше на ненајавената прес-конференција во Собранието

November 13, 2023 16:12
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери остро реагира кон градоначалникот на Тетово и претседател на Движењето Беса, Билал Касами, кој, како што се нагасува во соопштението од собраниските служби, го злоупотреби Собранието со тоа што ги прекрши воспоставените собраниски процедури за одржување на конференции за печат во зградата на законодавниот дом, за лична политичка промоција.

„Во Собранието е предвидена посебна процедура за начинот на одржување на конференции за печат за тоа каде и кој се може да го користи тоа право. Согласно тоа, Прес-центарот во законодавниот дом е наменет исклучиво само за пратениците од тековниот мандат, па така, нејасно е денеска Касами во кое својство присуствуваше и говореше на ненајавената прес-конференција во Собранието. Како поранешен пратеник, Касами би требало да е упатен во процедурите на законодавниот дом и да знае дека, Собранието не е место на кое тој може да се обраќа било како градоначалник или како претседател на партија. Освен тоа, во прекршувањето на собраниските правила и норми на Касами му се приклучија и го поддржаа уште неколку други пратеници, кои во спротивност со воспоставените правила, му овозможија да се обрати од прес-центарот во Собранието, од местото предвидено исклучиво за изјави на народните избраници“, се наведува во реакцијата од претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Tags: Билал КасамиСобраниеТалат Џафери
Next Post

Средба Ковачевски- Курти во Виена: Мирно решавање на отворените регионални прашања е придонес за стабилен и просперитетен Западен Балкан

Shortcut

Најново

СДСМ: По изјавите на Мицкоски за економски лидерство, германската компанија БМЗ го затвора погонот во Илинден и заминува во Полска

July 29, 2026

„Скејтбордингот не е за девојчиња“ со награда во Ерусалим и европска премиера во Сараево

July 28, 2026
Прес конференција на СДСМ во Скопје со партиски знамиња во позадина

СДСМ тврди дека тврдењата на Мицкоски за заемот од јавните претпријатија се демантирани

July 28, 2026

Мицкоски од Илинден: Македонија е едно големо градилиште со над 1.200 проекти, најавен и трет повик за општините

July 28, 2026

Осум заболени од западнонилска треска во земјава, вирусот се шири и низ Европа

July 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала

    Кога и цртањето на табла не помага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вештачење од 2024 година: Мазутот од РКМ не предизвикал загадување, а ТЕЦ Неготино ѝ заштедила милиони на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од 1 август поскапува парното греење во Скопје, поскапува и горивото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: По изјавите на Мицкоски за економски лидерство, германската компанија БМЗ го затвора погонот во Илинден и заминува во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk