Доколку ги слушаме, претседателката на Европската Комисија, евроамбасадорот Дејвид Гир, кои што јасно ни кажуваат дека нашата земја треба да се придвижи кон патот на евроинтеграциите и дека треба да ги донесеме уставните измени, зошто во тој момент кога сите ни укажуваат, не ги послушате? Зошто ги слушаме само критиките кои се насочени кон Република Северна Македонија, зошто никогаш не сте го послушале тоа како совет?, постави прашање пратеничката на СДСМ, Даниела Колева до присутните од опозицијата во студиото на ТВ Телма.
Таа посочи дека пораките на сите се дека земјата има поддршка за влез во Европската Унија. Колева се осврна и на тоа дека никој од опозицијата не сака да ги подржи уставните измени како поставен услов за да се отвори првиот кластер.
„Земјата останува умерено подготвена во однос на реформите во јавната администрација. Судскиот систем има одредено и умерено ниво на подготвеност. Земјата е одредено и умерено ниво на подготовка во превенција и борба против корупцијата,“ цитираше Колева од извештајот на ЕК за 2023 година.
Таа посочи дека не е во ред се да се оцрнува се што е постигнато изминатиот период, затоа што изминатите шест години многу е постигнато.