Денешните деца сè повеќе време поминуваат на своите смартфони, таблети или лаптопи. Родителите, најчесто поради работните обврски, не секогаш имаат време да контролираат какви содржини тие гледаат на нивните уреди. Сепак, ви предлагаме неколку начини како да ја зголемите контролата, односно, како да ги заштитите децата од она што можеби за нив претставува опасност или несоодветна содржина за нивната возраст.
1. Воспоставете oсновни правила
Разговарајте искрено со вашето дете. Бидете во тек со кого комуницираат оналјн и на кој начин комуницираат. Кажете им со сè што објавуваат на Интернет, оставаат зад себе трага од информации за нив. И токму затоа, треба да бидат внимателни при споделувањето разговори, фотографии и видеа.
Исто така, треба да им објасните што е дискриминација и несоодветна комуникација и дека е тоа неприфатливо. Кажете им дека не е во ред д некој да шири гласини или лажни информации за нив, односно дека не смее никој да споделува нивни фотографии или видеа.
Ако поради било која причина, односно разговор, споделена фотографија или видео, вашето дете се вознемири или се чувствува непријатно и исплашено, охрабрете го веднаш да ви каже за тоа.
2. Користете технологија за да ги заштитите
Редовно проверувајте дали уредот на вашето дете е секогаш ажуриран и дали работи со најновиот софтвер, како и дали поставките за приватност се вклучени и конфигурирани да го минимизираат собирањето податоци за луѓето да не ги гледаат информациите што вие не сакате да ги гледаат.
Вашето дете треба да научи да ги чува личните информации приватни. Ако вашите поставки за приватност не се безбедни, секој може да ги види вашите информации. За помалите деца, апликациите, односно алатките за родителска контрола и безбедното пребарување, се многу добра опција.
3. Поминувајте време со нив онлајн
Создадете можности за вашето дете да има безбедни и позитивни онлајн интеракции со пријателите, семејството и вас. Поврзувањето со другите може да ви биде одлична можност да ја моделирате љубезноста и емпатијата во виртуелните интеракции.
Помогнете му на вашето дете да препознае и да избегне дезинформации,, што е содржина несоодветна за возраста и содржина што потенцијално може да предизвика вознемиреност или друга штета.
Децата можат да бидат изложени на реклами што може да промовираат нездрава храна, родови стереотипи или материјал несоодветен за возраста. Помогнете им да ги препознаат онлајн рекламите и искористете ја можноста заедно да истражите што не е во ред со некои од негативните пораки што ги гледате.
Поминете време со вашето дете за да идентификувате апликации, игри и друга онлајн забава соодветни на возраста.
4. Создадете здрави онлајн навики
Промовирајте позитивно онлајн однесување со тоа што и вие самите ќе го практикувате. Внимавајте каков пример му давате преку она што и вие лично го споделувате онлајн.
Охрабрете го вашето дете да биде љубезно на интернет и да ги поддржува пријателите и семејството со испраќање позитивни пораки или емотикони.
Ако забележите дека вашето дете е вознемирено или таинствено поради онлајн активностите, бидете внимателни и реагирајте ако има потреба, прашајте го што се случува.
Побарајте локални телефонски линии за помош и ресурси за најновите прашања за заштита на децата на Интернет и како да пријавите сајбер-малтретирање или несоодветна содржина.
5. Дозволете им да се изразат и да се забавуваат
Користењето Интернет, на децата им овозможува креативно да се изразуваат, да учат, да ги споделат своите ставови. Затоа охрабрете ги да користат ресурси на интернет, кои ќе му помогнат да биде физички активно – да вежба, или пак, да игра видео игри за кои е потребно физичко движење.
Не заборавајте да ги балансирате онлајн активностите со активен животен стил и офлајн рекреација, за здрава рамнотежа во сите аспекти на животот.
Преземено: Hive mind.mk