„Ние како политичка партија ќе застанеме зад оној кандидат за претседател кој ќе процениме дека е најдобар избор. Убеден сум дека кандидатот на СДСМ и коалицијата ќе ги добие идните претседателски избори, исто како што претходно ги доби Стево Пендаровски,“рече пратеникот од СДСМ ,Ненад Коциќ во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 Телевизија.
Коциќ посочи дека изборот на претседател на држава треба да биде највисок демократски чин во една држава, без опструкции. Тој изврази бедување дека кој и да биде кандидатот сите заеднички ќе застанат зад него со почит кон оваа функција.