ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Проектите за Скопје ги реализира Владата – иако Арсовска им вети на скопјани „мед и млеко“!

November 16, 2023 11:29
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пред две години, во предизборната кампања, актуелната градоначалничка на град Скопје Данела Арсовска – која еуфорично ја прослави својата победа пред „Белиот дворец“ на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, заедно со Христијан Мицкоски, им вети на граѓаните дека градот ќе го направат европска метропола и дека за скопјани ќе тече „мед и млеко“. Но, по две години од нејзиниот мандат, Скопје стана град без никакви активности, а ветените капитални инвестиции остануваат само на хартија.

Членот на Извршниот одбор на СДСМ – Петре Шилегов говорејќи за двегодишното работење на Арсовска како градоначалничка на главниот град, истакна дека Скопје загуби две години поради неподготвеноста и непознавањето на материјата од страна на новата градска гарнитура. Проектот за јавен транспорт во Скопје, Бас рапид транзит – БРТ, две години беше закочен, рече Шилегов.

– Нема стратешки недостатоци во проектот БРТ, тоа е фрлање прашина во очи на јавноста, истакна Шилегов, додавајќи дека на проектот БРТ работеа експерти од Лондон, Брисел, но и од земјава и сообраќајното решение е врз таква експертска основа.

Тендерот беше распишан пред изборите во 2021 година, но актуелната локална власт во Скопје ја прекина постапката. Тоа е единствената издржана опција за современ јавен транспорт во Скопје, додаде тој.

Зборувајќи за неисполнетото ветување на Арсовска за бесплатен градски превоз, Шилегов потенцираше дека граѓаните се изневерени од лесни зборови кои не биле реални потенцирајќи дека единствена можност за поевтинување на превозот е БРТ, кој би ги намалил цените на јавен транспорт значително, за дури 70%.

– Запрепастен сум од односот на сегашната локална власт кон граѓаните. Видовме што се случува со јавниот превоз во градот, прв пат имавме штрајк во јавниот превоз, автобуси речиси и да нема, уништен е системот на ЈСП. Тоа сето се удира врз граѓаните, цената ја плаќаат граѓаните, рече Шилегов, додавајќи дека секоја лесно изговорена реченица, носи тешки последици.

Кои беа главните точки со кои Арсовска поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, го доби мандатот за градоначалник на Град Скопје?

Еко Скопје, со рамномерен развој и силна администрација – беше рефренот на Арсовска пред две години во предизборната кампања, но и од овие ветувања ништо. Секој месец тaa именува и разрешува директори на претпријатија, додека општинската администрација не е на вистинското ниво во однос на услугите кон граѓаните.

– Мојата визија се брзи и сигурни решенија. Проектите „15 + 1“ треба брзо и ефикасно да го сменат начинот на живот на скопјани. Стратешки проекти се бесплатен јавен превоз и 250 нови еколошки автобуси, како еко-алтернатива за автомобилите, за да се намали загадувањето и сообраќајниот метеж. Администрацијата во градот Скопје и јавните претпријатија уште првиот ден ќе добијат налог да ги утврдат сите конкретни проблеми, слабости и недостатоци и за нив да предложат решенија. Неприфатливо е во 21 век скопјани да ги немаат основните услови за живот, какви што се канализација, вода, асфалт, автобуски превоз – ветуваше Арсовска на локалните извори во 2021 година.

По изгубени две години, Арсовска се премисли

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, како што минатат недела соопштија од град Скопје, се попишмани во врска со проектот БРТ што го започна претходната градска администрација на чело со Петре Шилегов.

–  Скопје конечно ќе добие нов транспортен систем. Системот за Брз автобуски превоз доби зелено светло од меѓународните партнери со што започнува неговата реализација во главниот град. Проектот подразбира изградба на два нови терминали, на транспортни центри, обезбедување на непречено сообраќање на автобусите, како и набавка на нови еколошки автобуси кои користат ЦНГ…, се наведува во соопштението од Град Скопје.

Средствата во висина од 70 милиони евра за реализација на проектот БРТ се обезбедени преку Владата

По двегодишната пасивност и премислување на Данела Аровска, Владата не го остави градот на милост и немилост на градоначалничката.

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски вчера го потпиша договорот за имплементација на Системот за брз автобуски превоз (БРТ) во Скопје. Проектот ќе се реализира во соработка помеѓу Министерството за транспорт и врски, Министерството за финансии и Градот Скопје. Средствата во висина од 70 милиони евра за реализација на овој проект се обезбедени преку Владата на Република Северна Македонија.

– Проектот подразбира изградба на два нови терминали, на транспортни центри, обезбедување на непречено сообраќање на автобусите, како и набавка на нови еколошки автобуси кои користат ЦНГ. Новиот систем е предвидено да има две линии кои ќе го поврзуваат градот по линија исток-запад, првата од Ѓорче Петров до Ново Лисиче и втората линија север-југ, од Бутел до Пинтија, а двете линии ќе се преклопуваат во центарот на градот. Преку овие инвестиции, Владата преку Министерството за транспорт и врски ја спроведува транспортната политика за ефикасен и еколошки транспорт во урбаните средини“, велат од Министерството за транспорт и врски.

На локалните избори во 2021 година довербата на скопјани ја бараа 12 кандидати за градоначалник и 15 советнички листи. Поранешната претседателка на Сојузот на стопански комори Данела Арсовска, дипломиран правник и магистер по економија, ја освои градоначалничката фотелја со поддршка од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова на Македонија“ и од Алијанса на Албанците и Алтернатива.

Дестан Јонузи

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Град СкопјеДанела АрсовскаПетре Шилегов
Next Post

Изборот на нови судии во Апелација, може да ги врати „Ласкарци“, „Титаник“ и „Талир“ од почеток

НАЈНОВО

Знае ли Мицкоски дека Тошковски го демантираше за странските служби и центри на моќ, прашува СДСМ

September 15, 2025

Полска урна дрон над зградата на владата во Варшава

September 15, 2025

Крвава драма во Велес: Маж уби жена и нејзиниот татко, па се самоуби

September 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Дуел за Штип: Само двајца кандидати за градоначалник, 11 листи за советници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стеваноски реагира: Полицајци во цивил од Скопје се однесуваат насилнички и застрашувачки во Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Старата чаршија до младинските центри: Меџити ја претставува визијата за Чаир во интервју за Фронтлајн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk