ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИНТЕРВЈУ

(ЕКСКЛУЗИВНО) Втор дел од интервјуто со Ветон Сурои за ЦИВИЛ МЕДИА: Формирањето на „Ветевендосје“ во Албанија и Северна Македонија не е добар рецепт за добрососедство

November 17, 2023 15:01
in ДЕНЕС, ИНТЕРВЈУ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Иако дојде на власт велејќи „нема да има Заедница на српски општини“, за да потоа да рече „нема да има моноетничка Заедница“, во февруари и март косовскиот премиер Албин Курти сепак се согласи „да обезбеди соодветно ниво на самоуправување за српската заедница во Косово“, и сега го пофалува меѓународниот предлог што му беше доставен во октомври за формирање на Заедницата на општини со српско мнозинство.

На овој начин еволуираше ставот на косовскиот премиер Курти, за што се коментира дека направил компромис да прифати формирање на заедница на општини со српско мнозинство во замена за „де факто“ признавање. Во овој контекст, секогаш во центарот на вниманието се односите меѓу Косово и Албанија, за кои албанскиот премиер Еди Рама често го предупредуваше Косово, па дури и предлагаше нацрт за формирање Заедницата, што предизвика реакции во Косово. Последно, меѓу многуте прашања, се шпекулациите за отворање огранок на партијата „Ветевендосје“ во Северна Македонија, на што исто така се гледа низ остра критичка призма.

Косовскиот публицист  и писател Ветон Сурои, со своја анализа на сите овие теми разговараше за ЦИВИЛ МЕДИА, изразувајќи ги своите ставови за нацрт-статутот на Здружението, односите Косово-Албанија и отворањето на огранокот „Ветевендосје“ ( Самоопределување) и во Северна Македонија.

Интервјуто е снимено на 15 ноември, во пресрет на Втората скопска дебата за Европа (17-19 ноември), каде што г. Сурои е говорник на дебатата „Косово помеѓу геополитичкиот знак и конфликтната реалност“ со која се отвора овој важен настан. Дебати за Европа и Контрапунктсе организатори на настанот, кој е поддржан од Федералното Министерство за надворешни работи на Германија.

 

НАЗМИ АБДУРАХМАНИ / ЦИВИЛ МЕДИА: Дијалогот се интензивираше и формирањето на Заедницата на општини со српско мнозинство стана клучно прашање. Премиерот Албин Курти во октомври беше подготвен да потпише договор за формирање на „Заедницата“, според меѓународниот предлог. Сега, од една страна, го имаме премиерот Курти кој вели дека нацртот е подобар од оној од 2013 или 2015 година, иако не е најдобар, а од друга страна, ги имаме другите,  кои велат дека со овој нацрт се прави „боснизација“ на Косово.  Дали сте имале увид до овој нацрт и како го коментирате?

ВЕТОН СУРОИ: Не можам да шпекулирам, бидејќи не сум го видел нацртот. Она што можам да го кажам е дека се соочуваме со период кој не е многу продуктивен во дијалогот бидејќи имаме избори во Србија на 17 декември и секогаш е тешко во која било земја да се водат преговори додека има изборен процес. Од друга страна, по изборите во Србија, верувам дека ќе помине период од неколку месеци, обично три до шест месеци за формирање на Влада, така што во најдобар случај во однос на дијалогот, ќе има нова Влада на Србија на пролета следната година. Дотогаш мора да се утврди и дали страните прифатиле договор или не. Сега влегуваме во месец декември, а состанокот на кој беше претставен основниот договор се одржа во Брисел од февруари годинава. Основниот договор има асиметрија затоа што Косово го прифаќа и го прифати, а Србија не го прифати, а кога немаш договор од двете страни, нема договор.

ЦИВИЛ МЕДИА: Што мислите за компромисот за де факто признавање на Косово во замена за формирање на Заедницата?

СУРОИ: Не ни знаеме каков е нацртот на Заедницата. Ова е работа што ја имаат во свои раце премиерот Курти и српскиот претседател Вучиќ, а не знаеме што значи де факто признавање бидејќи де факто признавањето не е кодифицирано. Не постои член во меѓународното право во кој се вели дека ова е де факто признавање.

ЦИВИЛ МЕДИА: Во овој контекст постојано се споменува признавањето што се случи  меѓу двете Германии?

СУРОИ: Признавањето меѓу двете Германии се случи, но го имавме премиерот на Источна Германија и премиерот на Западна Германија, го имавме уставното име на двете земји што е Сојузна Република Германија и Демократска Република Германија. Имаше целосно јасен договор кој двајцата премиери го потпишаа, потоа и двата парламенти го спроведоа, и владите и така натаму. Во овој случај, ние немаме таков случај, немаме де факто признавање бидејќи за да имаме де факто признавање, мора да се реплицира основниот германски договор.

ЦИВИЛ МЕДИА: Ќе ве прашам за односите Косово-Албанија, каде што не изостануваат вашите критики за раководството на Албанија. Дали мислите дека Албанија го разбира Косово, кога Косово зборува против секоја регионална иницијатива во која е вклучена Србија, а според албанскиот премиер Еди Рама, однесувањето на Косово понекогаш изгледа ирационално.

СУРОИ: Мислам дека не оди во прилог на премиерот Рама да одредува што треба и што не треба да каже Владата на Косово, или што треба или што не треба да каже која било друга влада. Суштинско почитување на суверенитетот е да не се мешаме во нивниот развој, особено што тоа нема никаква врска со случувањата меѓу Косово и Албанија. Затоа што, на пример, ако навлеземе во преговорите за трговија на компири, колку ќе биде данокот за влез во Албанија или обратно, тогаш може да се каже да, во право е. Тоа нема никаква врска со односите меѓу Косово и Србија. Значи, замислете ситуација денес некој од Владата на Косово да му држи предавања на премиерот Рама што треба да прави со случајот Бејлери, како да ги реши односите со Грција, за Грција да не го спречи почетокот на преговорите на Албанија со Европската Унија. Сето тоа се легитимни прашања, но на никој во Косово не му е место да се меша.

ЦИВИЛ МЕДИА: Дали гледате некакво ривалство, протагонизам меѓу премиерот Курти и Рама?

СУРОИ: Не влегувам во протагонизми. Мислам дека тоа е граница која лидер на Албанија не треба да ја премине. Граница која лидер на Косово не треба да ја премине. Албанија беше во право кога се жалеше на присуството на премиерот Курти на последните албански избори за формирање на движење „Ветвендосје“ во Албанија. Ова едноставно не е добар рецепт за добрососедски односи. Косово и Албанија треба да се научат дека нивните односи треба да бидат соседски и добри. Се разбира дека не се работи за Шпанија и Португалија да речеме. Тоа е еден поделен народ, но управувањето со државите значи обврска кон гласачите, кон парламентите и така натаму.

ЦИВИЛ МЕДИА: Споменавте отворањето на огранокот на „Ветевендосје“ како политичка партија во Албанија. Неодамна се појавија шпекулации и обиди за отворање на огранок на „Ветевендосје“ во Северна Македонија. Како ги гледате овие движења на „Ветевендосје“ како владејачка политичка партија која има тенденција да се шири надвор од границите на Косово?

СУРОИ: Сега ќе ви кажам нешто, малку сум постар и имам малку повеќе искуство. Во 1990 и 1991 година во поранешна Југославија кога бев дел од консултативниот совет на политичките партии на Косово и консултативниот совет на политичките партии од поранешна Југославија. Тогаш донесовме одлука политичките партии на Косово да не отвораат ограноци и по под-ограноци во Македонија, во Јужна Србија во Црна Гора, значи надвор од Косово.

А овој модел се применуваше и на ниво на тогашна поранешна Југославија и на тој начин ја зачувавме кохезијата на албанските политички партии бидејќи немаше натпреварување, затоа што тогаш констатиравме дека нај лошото нешто што можеме да им направиме на политичките движења надвор од Косово е ако нашата конкуренција се реплицира во тие делови, ако се создаде ограноци и под-ограноци. Ова се сметаше за негативно во случајот на хрватските политички партии и нивните партиски дистрибутери во Босна и Херцеговина, српските политички партии и нивните дистрибутери во Босна и Херцеговина. Овој рецепт функционираше и мислам дека овој рецепт треба да продолжи да функционира, дека најздрав начин за одржување на односите меѓу Албанците во земјите каде што живеат е со почитување и не мешање во работите на Албанците во другите земји.

Разговорот го водеше: Назми Абдурахмани
Камера, монтажа и фотографија: Ариан Мехмети

Преземено: Цивил Медиа


  • Линк до оригиналот на албански јазик, објавен на DREJT.MK
  • Линк до првиот дел од интервјуто, објавено на македонски јазик на ЦИВИЛ МЕДИА
  • Линк до оригиналот на англиски јазик, објавен на CIVIL.TODAY
Next Post

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје

Shortcut

Најново

Винарија Душа во Волково ги отвори вратите за посетители и вински дегустации

November 28, 2026

Човечки мозочни клетки одгледани во лабораторија: Нова надеж за истражување на мозокот

November 28, 2026
Африм Гаши

Африм Гаши повикан на одговорност за блокираните законски измени за заштита на жените

November 27, 2026
Марш пртиво фемицидот во Скопје

Марш против фемицидот во Скопје: Шест барања до институциите со рок до 10 декември

November 26, 2026

16 дена активизам против насилството врз жените: ОН предупредуваат на 70 проценти повеќе пријави во Северна Македонија

November 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Винарија Душа во Волково ги отвори вратите за посетители и вински дегустации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од бегалка со 250 долари в џеб до хуманитарка што собра над 37 милиони долари за Украина: Неверојатната приказна на Мила Кунис

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новиот филм „Ѕвездени патеки“ на Парамаунт: Мрачен пресврт и целосно нови ликови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Човечки мозочни клетки одгледани во лабораторија: Нова надеж за истражување на мозокот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неказнивоста не е пропуст, туку систем

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk