Додека јас раководам со МВР нема шанса никој да укине ниту едно право коешто е стекнато досега!, е пораката што ја упати министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски преку неговиот фејсбук профил.
– Уште една ноторна невистина која што се пласира во јавноста. Јас жалам што тоа го пласираат поединци од одредени синдикати од МВР, дека наводно ќе се укине бенефицираниот стаж за вработените полициски службеници, дека наводно ќе се укине поволноста за пензионирање да се користат десетте најповолни години и дека ќе се укинат петте отпремнини кои ќе ги земаат полициските службеници, пишува Спасовски во објавата.