ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Чудо во Гевгелија: Градоначалникот Сарамандов не ветил ама реализирал – покачување на сметките за комунални услуги за 100%!

November 21, 2023 12:19
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Иако на локалните избори во 2021 година актуелниот градоначалник на Гевгелија од редовите на опозициската ВМРО ДПМНЕ, Андон Сарамандов ветуваше обемни програма од четири столба, по две години владеење ништо не исполни.

Сарамандов пред гевгеличани ветуваше програма од 4 столба: развој на туризмот, акцент на млади и спорт, екологија и зелени површини и добар урбанизам. Резултатот од овие изминати 24 месеци владеење со Гевгелија на Сарамандов и ВМРО-ДПМНЕ е нереализирани ветени проекти.

За две години владење со Гевгелија опозициската ВМРО-ДПМНЕ и Сараманов ги покачија сметките за комунални услуги за 100%. Општината наплаќа и услуга која не ја врши, „прочистување на отпадни води од домаќинства и фирми“ а пречистителната станица – проект по светски стандарди, изработен и реализиран во време на СДСМ – воопшто не работи!

Се удира по џебот на народот и со наплаќање секој месец „трошоци за баждарење водомер“, а никој не баждари водомер секој месец. Општината Гевгелија во една брза, нетранспарентна постапка, без учество на јавноста, воведе наплата на зонско паркирање без да понуди реална, одржлива, рационална алтернатива за граѓаните. Целите на мерката не се воопшто јасни, одлуките имаат мал милиони недостатоци, што единствено води до заклучокот за заткулисни интереси. Наместо да се развива Гевгелија, градот две години стои во место.

Ниту еден проект ветен во предизборната програма Андон Сарамандов и ВМРО-ДПМНЕ не исполниле. Нема нов градски базен, не е обновена спортската сала Партизан како што Сарамандов и ВМРО-ДПМНЕ ветуваа. Нема нов спортски центар Топлик. Нема ниту здрав оброк за секое дете.

Актуелниот градоначалник на Гевгелија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Андон Сарамандов за време на изборната кампања во 2021 година вети дека за време на неговиот четири годишен мандат како „татко“ на Гевгелија ќе има развој на градот, но ништо од ветенот. Нема реализација на проекти! Нема по урбано Гевгелија!

– Мојата програма се базира на четири столба, урбанизам ,стратегија за туризам и искористување на сите туристички потенцијали, екологија и зелените површини и младите и спортот. Акцентот ќе биде ставен на урбанизам и стратегија за туризмот и искористување на сите туристички потенцијали. Планината Кожув имаме план и визија најпрво со урбанизација на туристичкото место Коњско, а потоа и со овозможување услови за развој на ловниот туризам на планинскиот туризам да стане атрактивна туристичка дестинација, ветуваше Сарамандов пред граѓаните за време на локалните избори 2021 година.

„Имам конкретна визија за нашето природно богатство, планината Кожуф да прерасне во најпосакуваната туристичка дестинација. Овозможување на услови за развој на бањски туризам затоа што општина Гевгелија е богата со геотермални води Младите и спортот. Битката за зачувување на младите во својот роден крај е зацртана во моето дејствување и од тоа нема да се откажам. Секој млад човек заслужува да добие шанса да работи и твори во своето родно место, затоа наша обврска е да овозможиме услови за отворање на нови работни места, спортот и спортските клубови имаат долга традиција во општина Гевгелија“, ветуваше Сарамандов во 2021 година.

Тој ветуваше и смена на функционирањето на спортските клубови во Гевгелија.

– Најавувам дека ќе го обновам функционирањето на шаховскиот клуб 7 Ноември, мојата целосна поддршка во наредните 4 години ќе ја имаат атлетскиот клуб и планинарските друштва од Гевгелија кои во последниот период покажаа голем ентузијазам и успеси. Екологија и зелени површини со конкретни проекти отворање на времената депонија кај Н.Конско, модерен и урбан рекреативен парк во секое маало изготвување акционен план за чист амбиетален воздух. Добар урбанизам,ефективна и стручна работа на одделението за урбанизам е предуслов за побрз развој на нашата општина и е од приоритетно значење за граѓаните на општина Гевгелија, но и за бизнис заедницата, беа дел од ветувањата на Сарамандов.

Но, граѓаните и граѓанките на Гевгелија не ги гледаат реализирани овие огромни ветувања на првиот човек на Гевгелија – Андон Сарамандов.

Дестан Јонузи

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Андон СарамандовВМРО-ДПМНЕГевгелија

НАЈНОВО

Нетанјаху: Израел има две цели во Иран

June 16, 2025

Презентиран Договорот за финансирање на заедничките активности: Владата и донаторите треба зедно да ги дефинираат клучните проекти за граѓаните

June 16, 2025

Родителите на починатите во пожарот во „Пулс“ доставија барање до Основното јавно обвинителство во Кочани за средба со обвинителите

June 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фотомонтажа: Фронтлајн

    Градоначалникот на Кочани – Премиерот не ме прима на средба, од централната власт досега не добивме ништо; Граѓаните ќе го дадат својот суд на изборите, смета Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО од ракетите од Иран што паѓаат врз Израел, снимено од пилотска кабина на патнички авион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нови израелски напади на Иран, погодени воени цели во Техеран; Иран ги предупредува Израелците да се евакуираат од области до воени објекти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија полека но сигурно станува мала Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алијанса кон обединување, Арбен Фетаи во прегратките на Мицкоски, Ахмети со калкулатор во рака за локалните избори!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk