Протестите на Мајдан избувнаа кон крајот на 2013 година кога претседателот Виктор Јанукович поддржан од Кремљ го отфрли трговскиот договор за асоцијација со Европската унија.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во вторникот ги поврза историските продемократски протести во Кијив пред една деценија со инвазијата на Украина, опишувајќи ги демонстрациите на плоштадот Мајдан како „прва победа“ од војната со Русија.
Проевропското протестно движење, во кое околу 100 цивили загинаа во насилни судири со безбедносните сили во главниот град, на крајот доведе до соборување на претседателот Виктор Јанукович поддржан од Кремљ.
„Се случи првата победа во денешната војна. Победа против рамнодушноста. Победа на храброста. Победа на Револуцијата на достоинството“, рече Зеленски во изјавата, по повод 10-годишнината од повеќемесечното протестно движење.
Протестите на Мајдан избувнаа кон крајот на 2013 година кога Јанукович го отфрли трговскиот договор за асоцијација со Европската унија и предизвика сепаратистички конфликт на истокот на земјата.
Зеленски го пофали напредокот на неговата земја кон стекнување членство во Европската унија по инвазијата на руските сили минатиот февруари.
Пред 10 години, започнавме ново поглавје во нашата борба. Пред 10 години, Украинците ја започнаа својата прва контраофанзива. Против беззаконието и обидот да ни ја ограбат европската иднина. Против неслободата.
Од година во година, чекор по чекор, правиме максимални напори да обезбедиме, меѓу другите ѕвезди на знамето на ЕУ, кое го претставува единството на европските народи, да блесне и нашата ѕвезда. Украинската ѕвезда.
Само силните можат да бидат обединети. Обединети, за да станат слободни. Слободни, за да имаат достоинство. За доброто на новите времиња.
Среќен Ден на достоинството и слободата на силните луѓе на силната земја. Слава на Украина!, твитна Зеленски.
10 years ago, we began a new chapter in our struggle. 10 years ago, Ukrainians launched their first counteroffensive. Against lawlessness and an attempt to rob us of our European future. Against unfreedom.
Year after year, step by step, we make every effort to ensure that,… pic.twitter.com/HkEarZkbJB
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) November 21, 2023
Извршната власт на ЕУ препорача на почетокот на овој месец отворање официјални преговори за членство со Украина и Молдавија и предложи земјите-членки да и дадат кандидатски статус на Грузија.
Белорускиот опозициски лидер Светлана Циханускаја, исто така, преку објава на Икс испрати порака за поддршка по повод одбележувањето на годишнината.
Today, my thoughts are with the brave people of Ukraine 🇺🇦 on their Day of Dignity & Freedom.
This day marks the 10th anniversary of the Revolution of Dignity.
Ukraine’s resilience & unyielding spirit shine as a beacon of hope for democracies worldwide. #StandWithUkraine pic.twitter.com/WZOcCvbKpE
— Sviatlana Tsikhanouskaya (@Tsihanouskaya) November 21, 2023
Денес, моите мисли се со храбриот народ на Украина на нивниот Ден на достоинство и слобода.
На овој ден се одбележуваат 10 години од Револуцијата на достоинството.
Отпорноста и непопустливиот дух на Украина блескаат како светилник на надеж за демократиите ширум светот, напиша Циханускаја.
Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел денеска пристигна во посета на Кијив во знак на поддршка за Украина, која денеска одбележува 10 години од масовните протести на плоштадот Мајдан со кои беше соборен претседателот Виктор Јанукович, поддржан од Русксата Федерација.
Д. Мишев / Цивил Медиа