Професорката Емилија Целакоска во објава на Фејсбук го коментира вчерашното интервју на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во „Само интервју“ на Канал 5.
Целакоска за не соопштувањето на ставот на Мицкоски за тоа како Македонија во ЕУ ако не поминуваат уставните измени, констатира дека е срамна изјавата на Мицкоски дека вечерта во 21 часот по изборите ќе го каже нивниот став.
„Какви се овие глупости на интервју, па нели е срамно да те праша водител „Како планирате да го продолжите евроинтеграцискиот пат”, а ти да одговараш со
„Ќе дадеме јасен одговор за тоа”
Е ајде де, цела година и кусур чекаме на јасниот одговор, празна канта тропа сѐ друго освен тоа!
Чекам јас, наивно надевајќи се дека вистина ќе го даде јасниот одговор, оти водителот три пати (до 30-та минута) го прашува за продолжување со ЕУ, а тој сѐ нешто одбегнува со други теми, па економијата била 20:1 во однос на „ова прашање” (ма немој?!) па партиите да ги кажеле јасно програмите, туф, туф, џанам јаснотија е другото име на вмро
И тогаш, одеднаш, некаде кај 26:30, кажа кога ќе сме дознаеле од нив сѐ јасно и фино за ЕУ:
ВЕЧЕРТА ВО 21 ЧАСОТ КОГА ЌЕ ГИ ДОЗНАЕМЕ РЕЗУЛТАТИТЕ
Леле бре, леле. Убаво вака што однапред си кажува како ќе си ги зафркне своите гласачи, ама, пак, тие и за магаре би гласале. А магарешкиот комплекс во меѓувреме ќе си го лечат со погледот кон коњите споменици што ги преплативме“, наведува во објавата Целакоска.