Бранко Тричковски во објава на Фејсбук за расистичкиот и националистички испад на Трајко Славески од ВМРО-ДПМНЕ, вели дека „Црномурестите што бришат шофершајбни за 10 денари се милион пати подостоинствени луѓе од советниците и универзитетски професори кои лижат лидерски задници“
„Секогаш кога излегувам од дома гледам да не сум црномурест, да немам со мене валкан сунѓер и жолт елек, и да имам најмалку три презервативи ако затреба да му го начукам на Славко, оти со будалите можеш да туриш и вреќа од беровски компири и пак да фатиш африканска свинска чума. Да наебеш ти, а не он.
П.С.
Црномурестите што бришат шофершајбни за 10 денари се милион пати подостоинствени луѓе од советниците и универзитетски професори кои лижат лидерски задници, добро, за малку повеќе пари, но стаклото е стакло, а шупакот е шупак“, пишува Тричковски.
Претседателот на Советот на Град Скопје, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славески упати навредливи и расистички изрази кон ромската етничка заедница и странските работници во земјава.
Тој на својот Х (поранешен Твитер) профил пишува за некаков си „македонскиот парадокс“ кој го забележал по улиците на главниот град, односно дека забележал црномурести млади мажи (мисли на Ромите и наводни мигранти) дека се на секој агол во градот.
Ромите ги претставува како џаболебари, неработници и уживатели на социјална помош кој се терет на државниот буџет. За странските работници, пак, кои претежно работат на градежните објекти, вели дека се бегалци или мигранти кои засега се тивки и нечујни, но дека нема да бидат и во иднина.