Висок палестински функционер близок до разговорите во Катар изјави за Би-Би-Си дека спорот со заложниците е решен вечерва.
Тие вечерва ќе бидат префрлени во Меѓународниот комитет на Црвениот крст. Ќе бидат ослободени 13 израелски заложници и 39 палестински затвореници.
Се очекува да бидат ослободени и седум странски државјани кои Хамас ги држи во Газа.
Официјалниот портпарол на катарското Министерство за надворешни работи, Маџид ал Ансари, потврди дека вечерва ќе бидат ослободени 13 израелски заложници.
Тој изјави дека „пречките се надминати“ и дека вечерва „39 палестински жени и деца ќе бидат ослободени во замена за ослободување на 13 израелски заложници од Газа“.
И Хамас потврди дека втората транша од ослободувањето ќе се случи вечерва, според мировниот договор.
Во соопштението, Хамас истакна дека им е благодарен на Египет и Катар што обезбедија продолжување на нивното привремено примирје со Израел.
Втората размена на заробеници меѓу двете страни требаше да се случи попладнево, но Хамас ја одложи, обвинувајќи го Израел дека ги прекршил условите од мировниот договор и не дозволува повеќе камиони со хуманитарна помош да влезат во северниот дел на Газа.
Г. Т.