Подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ и нивниот лидер Христијан Мицкоски да соработуваат со ултранационалистот Димитар Апасиев и неговата анти-НАТО и анти-ЕУ група покажува дека македонската опозиција само декларативно се залага за проевропски интеграции, а од друга страна работат да се спречи тој пат на државата, и по можност да се пренасочи, велат познавачите на политичките случувања во земјава, коментирајќи ги изјавите на Мицкоски и Апасиев – за можна постизборна соработка.
Од друга страна, опозициски блок на Албанците составен од Движењето БЕСА на Билал Касами, Демократското движење на Изет Меџит и Алтернатива на Африм Гаши не кријат дека се подготвени да направат постизборна коалиција со опозициската ВМРО-ДПМНЕ, а со тоа и со екстремниот ултранационалист Димитар Апасиев и Левица.
Претседателот на партијата Алтернатива Африм Гаши во интервју за „Слободен печат“ изјави дека коалицискиот капацитет на партијата остава можност за коалицирање со ВМРО-ДПМНЕ.
Но, по неодамнешните изјави на Мицкоски дека е подготвен да ги има како десна рака Левице и Димитар Апасиеви, анти-НАТО, анти-ЕУ и антиалбанска политичка групација, како и изјавите на Мицкоски дека нема општини на Албанците во Северна Македонија: Дали албанските опозиционери Билал Касами, Изет Меџити и Африм Гаши треба да се оградуваат од ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски?
– Подготвеноста на Мицковски да соработува со Апасиев, покажува две политички реалности. Првата, дека Мицковски и ВМРО-ДПМНЕ само декларативно се за европска Северна Македонија, и вториот момент е дека, Мицковски и ВМРО-ДПМНЕ се уплашени од најавата за предизборна проевропска коалиција меѓу СДСМ-ДУИ и евентуално Алијанса за Албанците. Чекорот на Мицковски за предизборнa или постизборна „љубов” со Апасиев, не верувам дека им пречи на албанските опозициски партии. Истите партии, уште пред една година ги споија гласовите со ВМРО и Левица во Собранието, за да се урне актуелната влада. Заеднички именител на опозициските партии на овие избори, ќе биде борбата за власт, по секоја цена дури и ако ја преминат секоја црвена линија, изјави политичкиот аналитичар Дритон Зенку за „Фронтлајн“.
Политичкиот аналитичар Урим Салиу вели дека Мицкоски и Апасиев ја избришале мултиетничката држава од меморијата и дека сега најавуваат дека тие никогаш нема да бидат премиери или функсионери и на Албанците и другите етнички групи, ако на наредните избори добијат власт.
– Мицкоски и Апасиев отворено се залагаат за моноетничка влада во мулти-етничка држава. Така не може да се стане премиер никогаш, ако не припаѓаш на сите граѓани и граѓанки на државата. Опозиционите партии на Албанците да ја осудат ова реторика и политички националистички наратив на ВМРО-ДПМНЕ и Левица, како и да стават мораториум на соработка со ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се додека не се изгласат Уставните измени и земјата да оди напред, непречено на својот пат кон ЕУ, изјави Салиу за „Фронтлајн“.
Во декември на средба во Собранието парламентарните партии ќе носат консензуална конечна одлука кој ден од месец мај ќе се одржат претседателските и парламентарните избори.
Дестан Јонузи