ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Претставничкот дом на САД изгласа отстранување на републиканскиот конгресмен Џорџ Сантос

December 1, 2023 19:21
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Претставничкот дом на САД денеска изгласа исклучување од своите редови на паднатиот во немилост републикански конгресмен Џорџ Сантос по обвинувања дека овој претставник од Њујорк злоупотребил средства од својата кампања во лична корист и за други сторени прекршоци како лажна идентификација и фабрикување на својата работна биографија.

Сантос е шестиот конгресмен во историјата на САД кој бил отстранет од Долниот дом на американскиот Конгрес.

Гласањето се случува по објавениот извештај на Комисијата за етика на Претставничкиот дом. Отстранување на член на домот е можно со најмалку две третини гласови од вкупниот број претставници. Гласањето денеска беше 311 „за“ со „114“  против.

Некои републиканци, како спикерот Мајк Џонсон бараа да се почека Сантос прво да биде осуден за наводните обвинуања, па потоа да се гласа. Со ова, мнозинството на републиканците се намали до 221 гласа, наспроти 213 на демократите.

За местото на Сантос треба да се номинираат петмина кандидат, со изгледи да го добие демократ.

Гласањето за бркање на Сантос е кулминација на сагата што почна кратко по неговиот избор во 2022 година кога весникот „Њујорк тајмс“ извести дека лажел за неговата работна биографија, образование и потекло, што предизвика подлабоко чешлање на финансиите на негоата кампања.

Сантос е роден во Бразил и тамошните власти го обвинија дека кога имал 19 година во Рио де Женеиро користел украдени чекови за да купува разни работи, но за тоа тој склучи договор со бразилските власти и не е кривично гонет.

Некои од неговите наводни лаги се дека како универзитетски студент бил одбојкар во шампионски колеџ тим, и дека оформил добротворна организација која спасила 2.500 кучиња. Весникот „Њујорк Тајмс“ го истражи неговиот случај и заклучи дека сето тоа е лага.

По експозето, Сантос беше обвинет по низа сторени кривични дела, како измама на политички донори, лажање на Федералната изборна комисија и незаконско примање на исплати за невработеност. По сите 23 точки од обвинувањето тој се изјасни дека е невин. Очекува судење во септември идната година.

Во историјата на САД, тројца од отстранетите конгресмени се од времето по Граѓанската војна. Интересен е случајот на демократот Мајк Мејерс кој во 1980 година бил обвинет за примање поткуп, отстранет од Конгресот и служел повеќе од година затвор. Многу години подоцна, во 2022 година, Мејерс се изјасна за виновен по обвинение дека како активист на изборите во Филаделфија во 2010 година полнел кутии со гласачки ливчиња.

Осумдесетгодишниот сега е во затвор и казната му трае до јули до 2024 година.

Tags: САДЏорџ Сантос
Next Post

Петровска: ВМРО-ДПМНЕ да ги изгласа уставните измени, нека нема техничка влада и да одиме на избори

Shortcut

Најново

Фонд на пензиското и инвалидското осигурување - ФПИОСМ (фото: ФБ ФСПИОСМ)

Раст на пензиите за 3 отсто – законско услогласување, не покачување: Најниските пензиите ќе пораснат за околу 600 денари, највисоките околу 2.800

September 24, 2026

Жесток партиски судир за лобирањето во САД: СДСМ обвинува за скандал, ВМРО-ДПМНЕ враќа дека фирмата е поврзана со Заев

September 24, 2026

Денес кога станувам пионер…

September 23, 2026

Продлабочување на финансиските нерамнотежи во Русија: Банките и регионите сè повеќе ја финансираат војната

September 23, 2026

YOUth HUB започнува европска иницијатива за зајакнување на дигиталната отпорност на младите

September 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чалам на виткање, карактер на расклопување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неверојатно но вистинито: Убедлива победа на Путин!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk