Ако рускиот лидер Владимир Путин не биде запрен во Украина, тој ќе се врати „за повеќе“,
изјави министерот за надворешни работи на Обединетото Кралство Дејвид Камерон, пренесе Укринформ.
Тој нагласи дека Британија мора да разбере дека светот се промени.
„Силите што го обликуваат – воинот во Кремљ, поагресивна Кина, исламистичкиот екстремизам што ги труе младите умови – овие работи нема да исчезнат преку ноќ. Нема смисла да се надеваме на некое магично враќање во светот како што беше некогаш. „Ако Путин не биде запрен во Украина, тој ќе се врати за повеќе. И од нашата историја знаеме дека смирувањето на диктаторите на крајот ги уништува британските интереси и чини британски животи“, рече Камерон.
Д. Т. / Цивил Медиа