ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ХРОНИКА

Министерот Спасовски и обвинителот Бубевски утре во 9.30 часот на прес-конференција ќе информираат за убиството на Вања Ѓорчевска

December 4, 2023 00:07
in ДЕНЕС, ПРАВДА, ХРОНИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје, Гаврил Бубевски утре во 09:30 часот ќе одржат прес-конференција на која ќе информираат за убиството на 14-годишнината Вања Ѓорчевска, информираат од МВР.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се откажани за утре најавените работни средби во СВР Куманово и Регионалниот центар за гранични работи Север.

Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство вечерва соопштија дека во близина на Скопје е пронајдено безживотното тело на 14-годишнината Вања која се водеше за исчезната од 27 ноември. Во околината на Велес е пронајдено и телото на 74-годишниот П.Ж. кој се водел за исчезнат од 24 ноември.

За двата случаи, како што информираа од МВР, осомничени се пет лица, од кои за три се бара мерка притвор, едно е надвор од државата, а едно лице во моментов е во полициска станица.

– Претходно, во врска со кривичните дела беше пронајдено опожарено возило „цитроен“ и по извршени вештачења обезбедени се материјални докази за инволвираност на лицата, за што по целосно документирање на случаите, во координација со Јавен обвинител ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави, посочија од МВР.

Од спроведените истражни дејствија утврдено е дека и двете убиства се извршени од истите лица, чиј мотив е „користољубие“.

Според информацијата на МВР, од реализираните оперативни мерки утврдено е дека Вања била земена со возило од влезот на живеалиштето, а од обезбедените информации од распитот, утврдено е дека била убиена истиот ден (27.11.2023) околу 10.00 часот.

Веднаш по добивањето на пријавите за исчезнатите лица, од МВР посочуваат, дека се преземени  мерки и активности за нивно пронаоѓање. Извршени се претреси во домови и други простории на подрачјата на СВР Скопје, СВР Велес и СВР Штип, при што пронајдени и одземени се мобилни телефони, компјутери, возило и друго.

Извршен е увид на двете локации каде се пронајдени телата и издадена е наредба за обдуција. Исто така, издадени се наредби за прибирање и вештачење на сите траги и докази од двете локации, информираа во заедничко соопштение Јавното обвинителство и МВР.

Од МВР информираат дека сите осомничени се од македонска етничка припадност.

Вања Ѓорчевска беше пријавена за исчезната во понеделникот, на 27 ноември од нејзината мајка.  Последен пат била забележана во период по 7.20 часот, на пат кон училиштето Песталоци.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: БубевскиВања ЃорчевскаМВРОЈОСпасовскиубиство

НАЈНОВО

Скриншот

Трамп: Русија и Украина разменија голем број воени затвореници

May 23, 2025

Нова „Барбенхајмер“ ситуација: Avengers и Dune ќе имаат премиера во ист ден

May 23, 2025

Андоновска: Двајцата потврдени пациенти со мајмунски сипаници се од Скопје, според информациите што ги дале не патувале надвор од државата

May 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фотомонтажа: РИБАРО

    Трајко Славески – ни крив ни должен ќе бидам Гувернер!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од 1 јули ќе почне првото намалување на царинските тарифи за 50 отсто

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Молк во костуми

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е одговорот на прашањето: Колку родови има?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научниците создадоа „временско огледало“ – бран што се движи наназад во времето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk