Љупчо Палевски – Палчо е фатен на граничен премин, дознава Фокус. Тој е првоосмничен за убиството на Вања Ѓорчевска и за велешанецот Панче Жежовски.
За повеќе детали МВР најави прес-конференција за 22.30 часот.
Палевски е првоосомничен за грабнувањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска, како и за велешанецот Панче Жежовски.
Претходно вечерва беше уапсен 46-годишен скопјанец, кој како што соопшти обвинителството, го превезувал Палевски преку Бугарија до Турција, со што му помогнал да побегне од државата.
И другите осомничени вечерва беа донесени во Кривиќниот суд, каде судија на претходна постапка ќе треба да одлучи по предлогот на обвинителството за продолжување на мерката притвор.