ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Националисти и радикални десничари во одбрана на Палчо

December 7, 2023 08:03
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Share on FacebookShare on Twitter

Дел од радикалните десничари и националисти, кои шират дезинформации и теории на заговор и се против прогресот на државата и евроатлантската ориентираност, застанаа во одбрана на Љупчо Палевски Палчо, човекот кој е посочен дека е организатор и егзекутор на киднапирањата и убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и пензионерот Панче Жежовски од Велес.

На социјалните мрежи е креирана и група со која се бара правда за Палчо, а во која дел од членовите изнесуваат теории на заговор дека случајот во кој е обвинет тој е наместен, со цел да се тргне од политичката сцена, иако неговата партија со антидржавни ставови имаше непосточеки рејтинг.

Во нивните теории на заговор, радикалните десничари сметаат дека случајот е смислен од УДБА, ЦИА и НАТО за „заплашување на македонскиот порив за родољубие и за одбрана на канонската чистина на православието“.

Еден од најгласните бранители на Палевски е извесен Зоран Китевски кој живее во Сиднеј, Австралија.

Министерот Спасовски на вчерашната прес-конференција рече дека ова криминално гнездо кое е формирано од Палевски и неговите соработници мора да се разбие до крај и порача дека треба дерегистрирање на партијата, која преку политиканство, коалиции, договори и влијанија од надвор сакала да направи дестабилизација. Тој додаде дека сите знаат какви ставови застапувале осомничените и нивната партија, што правеле и што зборувале во нивните емисии и како директно се спротивставувале на напредокот на државата, на НАТО и на европскиот пат.

Палевски беше уапсен во текот на вчерашниот ден во Турција, по претходна координација и соработка со македонските служби за убиството на Ѓорчевска и Жежовски. Останатите осомничени во случајот и соработници на Палевски и во полициска станица и во јавното обвинителство го признаа делото.

Од МВР изјавија дека и покрај тоа што со поднесувањето на кривичната пријава нивната работа е завршена, тие остануваат отворени за секаква соработка со обвинителството.

Преземено од Цивил Медиа

Next Post

Лукаревска: СДСМ ќе го предводи Европскиот фронт, повикани се сите политички партии, граѓани и организации да ни се приклучат

EVN

НАЈНОВО

Фото: Фронтлајн, генерирано со ВИ

Драма во англискиот фудбал: Кој се враќа во Премиер лигата, а кој гигант е на раб на амбисот?

April 18, 2026
Фото: ТАВ Аеродроми

Николоски: Скопскиот и Охридскиот аеродром лидери во регионот

April 18, 2026
Илустрација Фронтлајн

Цените на нафтата во нагол пад: Иран го отвори Ормускиот Теснец за време на примирјето

April 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Груевски меѓу застарените пресуди и 11 години затворска казна: Дали се подготвува за враќање или за ново бегство во Русија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис за 18 и 19 април 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски за Законот за високо образование: Мора да се работи за плата од 150.000 денари, не може без ниту еден научен труд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Казино туризам – мирис на скап парфем и пропаст

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски ја ангажирал израелската агенција „Black Cube“ за следење на опозицијата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk