ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ПРЕГЛЕД НА ЦИВИЛ) Албански медиуми: Косово се уште без финален извештај за нападот во Бањска; 88 обвинети за масакрот во Дубрава; СПАК со обвиненија за нередите во албанскиот парламент

December 8, 2023 12:11
in PMD, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Косовските институции се уште немаат подготвено финален истражен извештај за нападот на 24 септември во Бањска и Звечани, а според политичките експерти, извештајот би требало да биде изготвен пред пред Самитот на Европскиот совет што ќе се одржи на 14 и 15 декември.

Во Тирана, во Специјалното обвинителство сведочат службеници на полицијата за нередите од опозицијата во албанскиот парламент.

Во продолжение се темите од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-Прес.

КОСОВО

Газета Експрес: Косово се уште нема конечен истражен извештај за нападот во Бањска

Косовските институции се уште немаат подготвено финален истражен извештај за нападот на 24 септември во Бањска и Звечани, пренесе Газета Експрес.

Од Специјалното обвинителство не соопштуваат кога ќе биде готов ваков извештај, велат дека не можат да дадат информации за случаите кои се во фаза на истрага. Професорите по кривично право велат дека Косово доцни во оваа насока, а познавачите на политичката ситуација оценуваат дека Косово треба да има ваков извештај пред Самитот на Европскиот совет што ќе се одржи на 14 и 15 декември.

Телеграфи: Обвинителот Морина за масакрот во Дубрава: 88 обвинети се под истрага, еден е во притвор

Специјалното обвинителство на Република Косово денеска обелодени информации во врска со поднесувањето обвиненија за воени злосторства, пренесе Телеграфи.Обвинителот Илир Морина на прес-конференција рече дека под истрага се 88 обвинети за масакрот во Дубрава.

Масакрот во затворот Дубрава се случи од 19 до 22 мај 1999 година,  каде српските полициски сили, стражарите и српските паравоени сили од 19-22 мај 1999 година убија и масакрираа во овој затвор 97 албански затвореници од различни делови на Косово.

Газета Блиц: Специјалното обвинителство на Косово досега поднело  33 обвиненија за воени злосторства

Обвинителката Дрита Хајдари на прес конференција на Специјалното обвинителство на Косово соопшти дека поднесени се обвиненија за воени злосторстава.

Во однос на обвиненијата, ве известувам дека досега локалните обвинители поднеле вкупно 33 обвиненија со 89 лица. По добивањето на овластувањата тие се соочија со бројни проблеми бидејќи сторителите на овие кривични дела не беа на Косово, повеќето беа во Србија“, изјави Хајдари, пренесе Газета Блиц.

АЛБАНИЈА

НОА: Обвиненија за уништување имот по бунтот во Собранието, полициската станица бр.1 известува за насилните инциденти до СПАК

Комесаријатот бр. 1, во соработка со агенти на БКХ, до СПАК ги достави материјалите во Специјалното обвинителство за насилните инциденти и хаосот што го предизвикаа пратениците на групата Барди и Бериша на вчерашната седница (7 декември) на која се гласаше според буџетот за 2024 година, пренесе НОА.

КОЛУМНА

Топ Чанел: Од декември до декември

Во доцните 1990-ти, Албанците имаа надеж дека Албанија ќе влезе во нова ера. Таа на нормален политички развој, пишува авторката Моника Стафа.

Стафа дава осврт на општествено –политиката транзиција во Албанија, од времето по падот на режимот на Енвер Хоџа, опишувајќи ги новите политички прередувања до денешен ден.

„Тоа беше време кога салата за изведби на Академијата за уметности беше исполнета со интелектуалци кои сфатија дека формата на политичката борба е променета. Но, не и војната во целина. Беа создадени нови порамнувања. Но, опозицијата сè уште не го доби лицето што ѝ требаше. А ниту старата моќ не беше подготвена да се предаде или да се повлече. И тоа немаше да биде долго време.“, пишува Моника Стафа во колумната „Од декември до декември“, објавена во Топ Чанел.

Подготви: Д. Тахири / Цивил Медиа

Tags: Албански медиумиизборрегион
Next Post

Две лица загинаа, а седум се повредени во руски ракетен напад во Украина

НАЈНОВО

Фото: Национална опера и балет

Операта „Палјачи“ – ремек делото на Леонкавало на 7 ноември на сцената на Националната опера и балет

October 30, 2025

Реал Мадрид и Суперлигата бараат 4,5 милијарди евра отштета од УЕФА

October 30, 2025
Скриншот

Џенсон Батон стави крај на професионалната кариера во Ф1

October 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kои се вистинските разлики меѓу Грокипедија и Википедија – и зошто тие се повеќе од технолошки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кипар воведува семафори со женски фигури за пешаците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глобален пад на Microsoft услугите: Погодени Azure, Microsoft 365, Xbox и авионски компании

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk