РИБАРО
Цело време сум: сакам-нејќам. Се фемкам, со сакам предвремени, не сакам предвремени; прифаќам Пржинска влада, не прифаќам; сакам ЕУ, бегам од ЕУ… Комуњариве сè ми осуетија. Мислам дека и народот ме сети што мустра сум. Останува уште да ми го плеснат тоа на избори и да ме спасат, констатирал Мицкоски пред своите блиски соработници, дознава АХА од извори на белата палата.
– Е сеа, ќе ми треба да си го зададам последниот удар. Откако на лидерската средба договоривме датуми за избори, прифатив техничка влада, сега уште да се испишманам и да не учествуваме во техничката влада. Што мислите вие, им се обратил Мицкоски за совет на своите.
– Шефе, ако е бал, нек је маскенбал! Одиме со тебе до крај, па што сака нека биде. Ѝ онака ќе го кркаме после изборите па каков сака нека е резултатот. Нит некој не сака нит некој мисли со нас да коалицира. Башка ЕУ челнициве нè одјебаа скроз, а за Американциве, после она што го кажа заменик државниот секретар О’Брајан, дека тебе не те бива ни за половен автомобил, ич да не спомнувам, рекол близок мицков пулен.
– Полека бе мамлаз, О’Брајан рече дека не треба да ми се верува и дека од мене не би купил ни половна кола, а не дека не ме бива за половен автомобил, прави разлика, ало!, се бранел Мицкоски.
– Шефе, ако смеам, да дополнам. Ако не учествуваме ние во техничката влада, мислам дека таква влада пак ќе се формира но без нас, со учество на другите опозициски партии. Да не се заебеме уште повеќе, како што впрочем си имаме навика?, се охрабрил друг вмровец да му противречи на Мицкоски.
– Да ви кажам искрено, и мене ми се смачи од мене, полуплачливо констатирал Мицкоски.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK