ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

(ПРЕГЛЕД НА ЦИВИЛ) Албански медиуми: Почина адвокатот на Кадри Весели, сите рочишта за водачите на ОВК откажани за годинава; Косово потпиша договор со ЕУ за 1,56 милијарди евра за програмата „Граѓаните, еднаквоста, правата и вредностите“

December 12, 2023 12:06
in PMD, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

По веста за смртта на адвокатот Ендрју Стронг, бранител на поранешниот претседател на Собранието, Кадри Весели, судот на чело со Чарлс Смит одлучи да ги откаже сите седници закажани за годинава за најголемиот случај на Специјалниот суд.

Република Косово и Европската унија го потпишаа договорот за учество на Косово во програмата на ЕУ „Граѓаните, еднаквоста, правата и вредностите“. Вкупниот буџет на оваа програма за периодот 2021-2027 година изнесува 1,56 милијарди евра.

Ова се дел од темите од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-Прес.

КОСОВО

РТВ 21: Поради  смртта на адвокатот на кадри Весели, откажани сите рочишта за оваа година за случајот со водачите на ОВК

По веста за смртта на адвокатот Ендрју Стронг, бранител на поранешниот претседател на Собранието, Кадри Весели, судот на чело со Чарлс Смит одлучи да ги откаже сите седници закажани за годинава за најголемиот случај на Специјалното.

Одлуката за откажување на рочиштата дојде по барање на адвокатот Бен Емерсон, бранителот на Весели, пренесе РТВ 21.

Зери: Косово потпиша  договор со ЕУ за учество во програмата „Граѓаните, еднаквоста, правата и вредностите“

Република Косово и Европската унија го потпишаа договорот за учество на Косово во програмата на ЕУ „Граѓаните, еднаквоста, правата и вредностите“. Вкупниот буџет на оваа програма за периодот 2021-2027 година изнесува 1,56 милијарди евра, во чии рамки бенефит можат да имаат сите земји-членки на ЕУ, како и земјите кои имаат право на учество, пренесе Зери.

Газета 10: Поранешниот командант на ОВК Хаџи Шала е испратен во Хаг

Хаџи Шала, поранешен командант на Ослободителната војска на Косово, е испратен во Хаг.

Неговиот адвокат Џевдет Смакиќи потврди дека поранешниот пратеник во Собранието на Косово во вторник наутро отпатувал за Холандија. „Топи“ пред еден ден беше уапсен од Специјализираниот суд на Косово, пренесе Газета 10.

АЛБАНИЈА

Досја ал.  – Скандал/Круемади: Велиај ги натера градежните компании да  платат за инсинераторот  60 милиони евра за почвите, но тие се депонирани надвор од него

Пратеничката на Партијата на слободата, Моника Круемади изјави дека градоначалникот Ерион Велиај ги натерал градежните компании да му платат на инсинераторот 60 милиони евра за земјиштето.

Круемади нагласи дека по потпишувањето на договорот за горење во Тирана, Општината презела активности кои ги принудиле сите градежници да платат за почвата произведена од изградбата да се излее во инсинераторот. Но, всушност, почвите беа депонирани надвор од градежната дозвола за горење, пренесе Досја. ал.

Клан ТВ: СП бара исклучување на 7 пратеници на ДП

Социјалистичката партија побара исклучување на 7 пратеници од опозицијата по хаосот и тензиите создадени на последната пленарна седница во Собранието.

Во писмото упатено до Етичката комисија, која носи потпис на 7 пратеници од мнозинството, овие бараат казнени мерки за демократите Ервин Салијањи, Луан Бачи, Аслан Доѓани, Бледион Налбати, Лефтер Гештења, Исуф Чела и Џељаљ Мзиу, пренесе Клан ТВ.

КОЛУМНА

Нистори: Србија врши етничко чистење во Прешевската Котлина, преку пасивизирање на адреси

Србија тивко , во тотален молк  спроведува јасна стратегија и со конкретни дејствија успева официјално да ги депопулира Медвеѓе, Бујановац и Прешево.

Во албанската покраина неправедно оставена под управа на Србија, во која спаѓаат Медвеѓе, Бујановац и Прешеоа, ние сме дискриминирани, бидејќи нашите адреси се деактивираат.

Ова е организирано државно етничко чистење, пишува авторот Рефик Хасани во колумната „Србија врши етничко чистење во Прешевската Котлина, преку пасивизирање на адреси“, објавена во Нистори.

Подготви: Д. Тахири / Цивил Медиа

Tags: Албански медиумиизборрегион
Next Post

Марко Михаиловски: Не треба да ставаме етнички предзнак на предизвиците

Shortcut

Најново

Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

СДСМ бара Национален оперативен штаб и конкретни мерки за заштита од западно-нилската треска

August 13, 2026

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 12, 2026
Фото: СКРМ

СКРМ и Министерството ќе формираат работни групи за Колективниот договор и Законот за култура

August 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk