Од политичка партија, прерасна во расад на криминални групи и гнездо на конзументи на дрога, а Мицкоски е опкружен со радикали, лица фатени со кокаин, лица што се бават со недозволена трговија со дрога и оружје, истакнуваат во соопштение СДСМ.
Оттаму велат дека „ВМРО-ДПМНЕ со години е едиствена партија која овозможува заштита на ваквите структури и партија каде се чуствуваат безбедно“.
„Прашање е ако ДПМНЕ дојде на власт кој ќе ја води државата, дали тие? Лицемерно, ДПМНЕ е гордее со своите конзервативни вредности, а од друга страна е гнездо на структури, кои претствауваат закана за државата, опасност за сите, а особено за најмладите“, се нагласува во денешното соопштение на СДСМ.
Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска на вчерашната прес-конференција рече дека „сè уште е свеж скандалот со фатениот соработник на Мицкоски од Пештани со кокаин, а веќе пукна нов скандал.
„Погледнете ја оваа фотографија. Христијан Мицкоски седи на иста маса со лице од Грчец уапсен за трговија со 32 килограми дрога, во полициска акција со која е пресечен меѓународен канал за шверц на дрога. Акцијата на полицијата е од 3-ти декември а токму со возилото на лицето од Грчец со кое седи Мицкоски на иста маса била превезувана дрогата вредна 120.000 евра. Што бара Мицкоски на иста маса со лица од подземјето? Радикали, дилери, лица фатени со кокаин, со такви луѓе е опкружен Мицкоски“, рече Кузеска.
Таа нагласи дека „истакнат член на ДПМНЕ од Пештани и близок соработник на Мицкоски беше фатен со кокаин“.
„Радикали и извршители на грозни злосторства како Палевски, ете тоа се луѓето кои се блиски до ДПМНЕ и Мицкоки. А Мицкоски се среќавал со Палевски. И молчи со денови за тоа што разговарале . Со какви луѓе е опкружен Мицкоски кажува за тоа каков е. Прашање е дали Мицкоски е претседател на политичка партија или на некоја подземна организација?“, истакна Кузеска