Програма во живо на ЦИВИЛ, со заеднички наслов ОСЛОБОДИ ГО УМОТ, посветена на борбата против дезинформациите, пропагандата и хибридните закани.
За дезинформации, лажни вести, шпекулации, полувистини, теории на заговор за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска, за Фејсбук страницата за поддршка за првоосумничениот Љупчо Палевски – Палчо, за говорот на омраза по предлогот Талат Џафери да биде првиот премиер Албанец во техничката влада, ќе зборува Дехран Муратов.
Додека пак за реакциите на Западот за руската агресија во Украина, за застојот на помошта, (не)успехот на санкциите, решителноста да се запре Путин…, ќе зборува Драган Мишев.
Панел дискусијата ќе ја модерира Биљана Јордановска, ЦИВИЛ.
Преземено: Цивил Медиа