ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

(ПРЕГЛЕД НА ЦИВИЛ) Албански медиуми: Тринаесет претседавачи на комисии за надворешни работи во ЕУ бараат од Борел да се отстранат мерките за Косово; еден месец притвор за четвртиот осомничен во случајот за убиството на Лиридона; резултатите на ПИСА -2022 под лупа на експертите

December 13, 2023 12:39
in PMD, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Тринаесет претседавачи на комисиите за надворешни работи низ Европа се обратиле до високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Жозеп Борел и до емисарот на ЕУ дијалогот за Косово-Србија, Мирослав Лајчак, да ги отстрани сите негативни мерки кон Косово.

Резултатите од тестот ПИСА, кои беа објавени минатата недела, покажаа дека образовниот систем во Косово е многу слаб во споредба со другите земји, а експерти од областа на образованието го анализираат исходот од тестот.

Ова се само дел од темите од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-Прес.

КОСОВО

Ора инфо: Од ЕУ се бара укинување на мерките против Косово и целосна истрага за терористичкиот напад во Бањска

Претседателката на Комисијата за надворешни работи во Парламентот на Велика Британија, Алиша Кернс, објави дека 13 претседавачи на комисиите за надворешни работи низ Европа се обратиле до високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Жозеп Борел и до емисарот на ЕУ дијалогот за Косово-Србија, Мирослав Лајчак, да ги отстрани сите негативни мерки кон Косово.

Дополнително, тие побараа и целосна истрага за терористичкиот напад од 24 септември во Бањска, каде беше убиен полицискиот наредник Африм Буњаку, пренесе Ора инфо.

РТВ 21: Еден месец  притвор за четвртиот уапсен во случајот Лиридона Адемај

Основниот суд во Приштина му одреди едномесечен притвор на четвртиот уапсен во случајот со убиството на Лиридона Адемај. Обвинетиот Т.Д. е приведен поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „увоз, извоз, снабдување, транспорт, производство, размена, посредување или неовластено продавање оружје или распрскувачки материјали“, пренесе РТВ 21.

Телеграфи: Резултати „ПИСА 2022“, експерти за образование: Имаше технички проблеми при тестирањето, но тоа не го менува резултатот

Резултатите од тестот ПИСА, кои беа објавени минатата недела, докажаа дека образовниот систем во Косово е многу слаб во споредба со другите земји.

Косово е рангирано речиси на последните места, заземајќи го 78-то место од 80 земји-учеснички, а со тоа ситуацијата не е подобрена ниту откако Ветевендосје дојде на власт.

Сепак, овие резултати од 2022 година беа очекувани според експертот за образование Јонуз Салихај, кој во изјава за Телеграф вели дека ниту една од владите досега немала приоритет на образованието, пренесе Телеграфи.

АЛБАНИЈА

Панорама – Главниот дипломат на САД во Тирана: Слободата и независноста на медиумите, суштински за здрава демократија

За високиот американски дипломат во Тирана, Дејвид Визнер, слободата на медиумите е еден од клучните фактори за здрава демократија во Албанија.

Во ексклузивното интервју за весникот „Панорама“, Дејвид Визнер изјави дека ни треба силна опозиција, активно и будно граѓанско општество, како и слободни и независни медиуми, кои се од суштинско значење за демократијата, пренесе Панорама.

КОЛУМНА

Газета Тема: Мојот Шиндлер, Перлат Чауши!

Кога опишуваме диктатура, било да е тоа на Хитлер, Сталин или Енвер, ние се обидуваме вистинито да ги изнесеме маките, теророт, шпионажата, прогоните, затворите, истрагите и легитимно е тие да бидат доминантни во нашите описи. Но, постои и друг начин да се покаже диктатурата. Спротивно е кога ги истакнуваме добрите луѓе, хуманите, инспиративните и надежните елементи кои одиграа клучни улоги во нашите животи и работа, пишува авторот Пелумб Кула, во колумната „Мојот Шиндлер, Перлат Чауши!“, објавена во Газета Тема.

Подготви: Д. Тахири / Цивил Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Албански медиумиизборрегион

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Во израелските напади врз Појасот Газа убиени 20 луѓе

July 5, 2025
Фото: ВИ

Трамп „многу незадоволен“ од разговорот со Путин за Украина

July 5, 2025
Фото: ЕПА/МИА

Во Еквадор запленети три тони кокаин, кои и припаѓале на албанската мафија

July 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е куељовски јунак кој седи на ритчето и во долината го посматра сопственото умирање!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бајач од скопско Трубарево, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шибај со демохристијанство и лажен морализам, удри по сиромашните и самците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Дебакл на надворешната политика на Муцунски, ниту еден успех, само порази и понижувања

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk