ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Битиќи на јубилејот на ФИТР: Фондот прерасна во институција за активен развој на претприемачкиот дух

December 14, 2023 15:35
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи се обрати на десетгодишниот јубилеј на Фондот за иновации и технолошки развој.

Во неговото обраќање. Вицепремиерот Битиќи упати честитки до директорот, до вработените и кон сите кои несебично и професионално вложија да го  изградат ФИТР во водечка институција за поддршка на стартапи и иновативни компании.

„Честитки до претприемачите, кои во изминатата деценија ја препознавте и искористивте можноста која Владата преку оваа институција ви ја создаде, а тоа е да добиете финансиската поддршка за создавање на додадена вредност за вашите компании преку иновативност и креативност. Честитки и до сите вас, кои бевте поддржани своите бизнис идеи да ги преточите во проекти, иновации кои се развија во бизниси. Значењето на ФИТР за нашата економија не се согледува само преку портфолиото од 1.100 поддржани проекти и вкупен обем на реализирани инвестиции од 138 милиони евра за десет години,  ФИТР има уште една важна функција. Тоа е активно негување и развој на претприемачкиот дух кој е отворен кон иновативноста, дигитализацијата. Развој кон 4-тата индустријализација“, рече Битиќи.

Вицепремиерот Битиќи изрази задоволство што меѓу компаниите кои добија признанија во категоријата „Најбрзо растечка компанија“  е и „Кодвел Анлимитед“.

„Компанија која што токму со поддршка од ФИТР за нејзината иновативна идеја за дигитален AI асистент, ја разви и имплементираше АДА. Првиот дигитален асистент заснован на вештачка интелигенција, преку кој граѓаните и заинтересираните странски инвеститори денес ги добиваат сите релевантни информации за достапните програми и отворени повици  за државна помош. Со АДА овозможивме и гарантиравме голема транспарентност, ефикасност и ефективност во пристапот на бизнисот до информации и услуги 24/7“, рече Битиќи.

Вицепремиерот Битиќи посочи дека ФИТР својот вистински развој и вистинско место го добива во 2017 година, кога програмите на ФИТР влегуваат во рамката на Планот за економски раст.

„Па така, ако во 2017 година конкуретноста на домашните компании преку ФИТР била поддржана со 803.000 евра, веќе наредната 2018 година, кога започнува реализацијата на Планот за раст, оваа поддршка се зголемува на 19 милиони евра. Кога сме кај реалните резултати од Планот за економски раст, ќе ги споменам и оние кои ги остваривме и преку останатите два столба, а се постигнати преку Законот за финансиска поддршка на инвестициите. Успеавме да создадеме доверба кај компаниите, ги стимулиравме постојано да започнуваат нови инвестициски циклуси, особено тие кои се насочени кон технолошки развој, внесување на иновативни и дигитални компоненти во производствени процеси, што финализира во поголема продуктивност и конкурентност на домашните и меѓународните пазари“, рече Битиќи и додаде дека веќе имаме резултат кој го надополнува резултатот постигнат преку ФИТР.

„Владата преку ЗФПИ има поддржано 919 домашни компании за нивните инвестициски циклуси со реализирани 500 милиони евра инвестиции кои се поддржани со 100 милиони евра, некаде околу 20 проценти. Сѐ ова е досега направено, овие 138 милиони евра поддршка треба најмалку да се удвојат во следниве години, но да се триплираат и резултатите. Поддржаните проекти да се со голема додадена вредност. Веќе гледаме и во следниот развој на ФИТР а тоа е неговата акредитација кон Зелениот климатски фонд, со што ФИТР ќе биде прва државна институција акредитирана за директен пристап до финансии од Зелениот климатски фонд. Ова е исклучително важно бидејќи ќе се овозможи поголема вклученост и поголеми финансиски средства на приватниот сектор во справувањето со климатските промени“, рече вицепремиерот Битиќи.

Tags: Фатмир БитиќиФИТР
Next Post
Фото: Министерство за правда

Лога - Нојкрих: Зајакнување на правдата и борбата против корупцијата

Shortcut

Најново

Африм Гаши

Африм Гаши повикан на одговорност за блокираните законски измени за заштита на жените

November 27, 2026
Марш пртиво фемицидот во Скопје

Марш против фемицидот во Скопје: Шест барања до институциите со рок до 10 декември

November 26, 2026

16 дена активизам против насилството врз жените: ОН предупредуваат на 70 проценти повеќе пријави во Северна Македонија

November 25, 2026

Новиот филм „Ѕвездени патеки“ на Парамаунт: Мрачен пресврт и целосно нови ликови

November 25, 2026
Мила Кунис (Wikipedia)

Од бегалка со 250 долари в џеб до хуманитарка што собра над 37 милиони долари за Украина: Неверојатната приказна на Мила Кунис

November 24, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мила Кунис (Wikipedia)

    Од бегалка со 250 долари в џеб до хуманитарка што собра над 37 милиони долари за Украина: Неверојатната приказна на Мила Кунис

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неказнивоста не е пропуст, туку систем

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сите сакаат да владеат со светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новиот филм „Ѕвездени патеки“ на Парамаунт: Мрачен пресврт и целосно нови ликови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk