ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Од Албанија пристигнуваат 20 икони украдени од македонските цркви

December 15, 2023 08:34
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Вкупно 20 икони украдени од македонските цркви, претежно од струшкиот регион денеска ќе бидат вратени во Северна Македонија од страна на Албанија во рамките на договорот за соработка меѓу двете држави потпишан минатата година.

Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска во интервју за „Фронтлајн“ истакна дека враќањето е резултат на билатералните договори за соработка во областа на културата, но и одличната комуникација која министерството ја има со колегите од државите во регионот.

„Иницијативите како Берлински процес и Отворен Балкан ја поттикнаа соработката и настрана од политиката, се докажа дека културата е витална и дека ја има моќта да ги зближува и државите и народите“ рече Костадиновска-Стојчевска во интервјуто за „Фронтлајн.

– Прв пат во историјата на нашата држава се прави успешна реституција на културно наследство, благодарение на добрата соработка меѓу владите и министерствата за култура на Северна Македонија и Албанија, посочија од Министерството за култура.

Иконите, како што појасни министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, ќе бидат соодветно спакувани да не се оштетат при пренос и ќе бидат однесени во Музејот на Македонија, од каде по процесот на заштита, ќе бидат изложени, а потоа и вратени на МПЦ.

Постапката за враќање на украдените икони во земјава од Албанија почна во 2013 година, со интенизвни активности последните две години.

Во периодот од 2009 до 2013 година имаше силен бран на насилно влегување во црквите, особено во Западна и Југозападна Македонија, каде што се однесоа стотици икони. Само на подрачјето на Одделението за внатрешни работи Струга, како што информира за МИА портпаролот Стефан Димоски, имало 22 пријави за „кражба“ и „тешка кражба“ на икони од цркви. Три пријави за кривични дела „тешка кражба“ во цркви во струшко, според него, имало и во 2017 година.

– Кривичните дела се извршени во цркви лоцирани во Струга, Вевчани како и во селата Мали Влај, Радожда, Ташмаруништа, Долна Белица, Безево, Јабланица, Луково, Селци, Буринец, Модрич, Дренок… Во останатите години, пријавени се кражби од цркви со одземање пари и друг црковен прибор, изјави Димоски.

Незаконски одземените икони од македонските цркви случајно ги забележале нашите експерти вo 2013 на прилог со премиерот Еди Рама на албанска телевизија.

Една од иконите албанскиот премиер Рама, симболично во знак на соработка му предаде на македонскиот колега Димитар Ковачевски при потпишувањето на договорот за враќање на иконите минатата година во Скопје.

По завршувањето на овој процес за враќање на 20 – те украдени икони во земјава, предвидено е отварање на нов процес за враќање на уште еден контингент идентификувани икони во Албанија.

Поврзано:

Костадиновска-Стојчевска за Фронтлајн: Очекувам граѓаните да изберат политичари кои успешно ќе ги завршат преговорите со ЕУ до 2028 година

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: АлбанијаБисера Костадиновска Стојчевскаикони
Next Post
Сефер Тахири (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Енис Барди (Bardhi)

НАЈНОВО

Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

October 11, 2025
Скриншот

Поради страв од руски напад, Балтичките земји развиваат координирани планови за масовна евакуација

October 11, 2025
Скриншот

Трамп: Добитничката на Нобеловата награда за мир Марија Корина Мачадо ми се јави и рече дека ја прифаќа во моја чест

October 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Гарсија пред мечот со Македонија: Нашиот противник не прима многу голови, мора да најдеме решение

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој се плаши од метафорите на Тричко?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали сме спремни за „slop“ видеата создадени со вештачка интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис за 11 и 12 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk