ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

(ПРЕГЛЕД НА ЦИВИЛ) Албански медиуми: Договорот Рама – Мелони за емигрантите е проблематичен за Европскиот совет; Фајненшл Тајм ја стави Мира Мурати на листата највлијателни жени; Русија влијаела во кризата на северот на Косово

December 15, 2023 11:59
in PMD, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Европскиот совет за бегалци и прогонети со седиште во Брисел, изрази резервираност во врска со голем број прашања што се претставени со членовите од договорот за емигранти  Рама-Мелони, пишуваат албанските медиуми.

Американскиот Стејт Департмент во својот периодичен извештај за Косово, меѓу другото, нагласи дека Русија влијаела на кризата и тензиите создадени на северот, известија косовски медиуми.

Ова се само дел од темите од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ- Прес.

АЛБАНИЈА

Балкан веб – Уставниот суд ја суспендираше ратификацијата за бегалците, ЕУ со резерва: Проблемите на договорот Рама-Мелони со европските закони

Европскиот совет за бегалци и прогонети, (ECRE – Европски совет за бегалци и прогонети) со седиште во Брисел, изрази резервираност во врска со голем број прашања што се претставени со членовите од договорот Рама-Мелони.

Протоколот предвидува формирање два прифатни центри во Албанија за бегалците од Северна Африка и Блискиот Исток кои се фатени на море, пред да стапнат на италијанска почва, пренесе Балкан Веб.

АБЦ: Фајненшл Тајмс ја стави  Мира Мурати на листата на највлијателните жени во светот во 2023 година

Мира Мурати (Влора, Албанија, 34 години) беше една од главните креатори на земјотресот наречен OpenAI, компанијата која пред само една година никој не ја знаеше. Како главен директор за технологија на компанијата, Мурати го надгледуваше тимот што ја разви ChatGPT, најуспешната апликација во историјата и генератор на слики Dall-E.

Нејзиното име беше првото на кое се размислуваше да го замени извршниот директор Сем Алтман кога одборот на директори на компанијата го отпушти пред три недели.

Оваа приказна и нејзината позиција како извршен директор во OpenAI, една од најважните компании во моментот, ја сместија на листата на Financial Times за највлијателни жени на годината, пренесе АБЦ.

КОСОВО

Европа е Лире: „Мобилизација“ на Србите од Косово за поддршка на Вучиќ

„Може ли да сметам на вашата поддршка за претседателот [Александар] Вучиќ?“… „Мора да му се даде поддршка на претседателот [Александар Вучиќ]“…

Вакви реченици во последните денови слушаат вработените во српските институции на Косово од нивните претпоставени.

Ова за Радио Слободна Европа го потврдија повеќе извори во различни институции, кои работат во српскиот систем во општините со српско мнозинство јужно од Ибар, но не сакаат јавно да зборуваат.

Зери – Извештај на Стејт Департментот : Русија влијаеше на кризата и тензиите во северно Косово

Американскиот Стејт департмент во својот периодичен извештај за Косово, меѓу другото, нагласи дека Русија влијаела на кризата и тензиите создадени на северот. Во извештајот се споменуваат и инцидентите кои се случиле во тој дел, како и нападите на тамошните општински канцеларии, пренесе Зери.

Коха: 4200 Срби ги пренамениле регистарските таблички во РКС, денеска истекува рокот за пререгистрација

Денеска истекува рокот кога граѓаните на северот од земјава ќе можат да ги пререгистрираат своите автомобили со регистарски таблички РКС.

Заменик-директорот на полицијата за регионот на Митровица, Ветон Елшани изјави дека досега се пререгистрирани околу 4.200 возила, пренесе Коха.

КОЛУМНА

Коха: Балканот, подалеку од ЕУ повеќе од што беше пред неколку години

„Но, реално, регионот е подалеку од ЕУ отколку што беше пред неколку години.

Црна Гора, која е прва и најбрза во овој процес, веќе две години не презема никакви сопствени формални чекори. Во Србија, предизборната кампања се фокусира на глорификацијата на Слободан Милошевиќ, ангажманот на Воислав Шешељ  и националистичката реторика.

Албанија и Северна Македонија не отворија ниту едно преговарачко поглавје. Додека ЕУ не ја ни разгледа апликацијата на Косово за членство во ЕУ, иако од овој чин помина цела година“, пишува косовскиот автор Аугустин Палокај во колумната „Балканот, подалеку од ЕУ  отколку од што беше пред неколку години“, објавена во Коха .

Подготви: Д. Тахири / Цивил Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Албански медиумиизборрегион

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Во израелските напади врз Појасот Газа убиени 20 луѓе

July 5, 2025
Фото: ВИ

Трамп „многу незадоволен“ од разговорот со Путин за Украина

July 5, 2025
Фото: ЕПА/МИА

Во Еквадор запленети три тони кокаин, кои и припаѓале на албанската мафија

July 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е куељовски јунак кој седи на ритчето и во долината го посматра сопственото умирање!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бајач од скопско Трубарево, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шибај со демохристијанство и лажен морализам, удри по сиромашните и самците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Дебакл на надворешната политика на Муцунски, ниту еден успех, само порази и понижувања

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk