ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

„Фолклорно- класична симбиоза” на „Танец” во Националната опера и балет

December 21, 2023 14:52
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Играорците на фолклорно музичкиот ансамбл „Танец”, заедно со хорот и оркестарот на Националната опера и балет преку изведбата на „Фолклорно- класична симбиоза” ги раскажаа приказните на богатото фолклорно минато на земјава. Повеќе од 130 учесници на сцената ги изведоа македонските орски и вокални мелодии обмислени во ново и раскошно руво.

– Идејата се роди во еден неформален разговор со директорот на Македонската опера и балет. Ја видовме сликата целосно и се сложивме да направиме проект што ќе го промовира македонското авторство и пред се македонскиот продукт. Го реализиравме за прв пат на 27 септември и излезе една прекрасна приказна која што луѓето кои беа присутни сакаа да ја видат повторно. Ние секоја година имаме традиционален концерт, но репертоарски ете оваа година се одлучивме за класично- фолклорна симбиоза со која што во иднина планираме да ги освоиме државите кои што ни се во соседството заедно со НОБ – вели Мартин Вучиќ од „Танец”.

Различни се доживувањата на публиката на сите концерти на Танец, вели Вучиќ.

– Овде сме навикнати и очекуваме фантастичен перформанс, нешто што веќе еве 75 години се случува на оваа сцена, а надвор е тоа нешто што е ново, а за тие што е ново е па и уште по возбудливо. Ако ние се радуваме на овие изведби овде после толку години, можете да замислите како го доживуваат тоа странците – вели Вучиќ.

Покрај многуте проекти, годинава за Танец ќе остане секако запаметена по „Фолклорно класична симбиоза”. За следната најавуваат многу нови концерти и премиери со кои ќе се одблежи 75 години постоење на овој ансамбл.

Адријана Георгиев / Трн.мк
Next Post

Грковска на панел дискусија за женско лидерство: Менувањето на менталниот склоп е најголем предизвик во секоја борба

Shortcut

Најново

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, ЦИВИЛ повика на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026

Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

June 19, 2026

Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

June 18, 2026

Вкупно 17,5 години затвор за родителите на момчето убиец од „Рибникар“

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk