ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Османи на крајот на претседавањето со ОБСЕ: Докажавме пред целиот свет дека поседуваме политички капацитет

December 22, 2023 10:24
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
ОБСЕ

ОБСЕ

Докажавме пред целиот свет дека поседуваме политички и практичен капацитет, професионалност и посветеност, кои кулминираа со организацијата на 30-от Министерски совет. Со донесените одлуки го остваривме планот кој го зацртавме на почетокот на Претседавањето – дадовме огромен придонес во обезбедувањето на функционалноста на ОБСЕ. Нашето претседавање беше фокусирано на луѓето, а работевме со посветеност на идејата дека ОБСЕ може да го унапреди и зачува сето она што луѓето најмногу го ценат – нивните права, нивната слобода и нивното достоинство”, рече шефот на дипломатијата Бујар Османи на одбележувањето на завршувањето на претседавањето на Република Северна Македонија со ОБСЕ, соопшти МНР.

Тој додаде дека земјава никогаш нема да отстапи од бранење на нивната вредност, истовремено зајакнувајќи ги ваквите начела онаму каде истите беа оспорени и ставени под знак прашалник. Според Османи, зачувувањето на начелата и заложбите значело зачувување Организацијата, која оваа година, како што рече, се соочила со досега невидена, егзистенцијална криза.

-Јас со гордост можам повторно да нагласам дека Министерскиот состанок во Скопје внесе нова енергија во нашите начела, односно нашата водилка, која силно не турка напред и покрај напорите на одредени актери да ја поткопаат истата. Извонредниот успех што го постигнавме го делиме со министерства и бројни институции кои беа вклучени и учествуваа во достигнувањето на резултатите од нашето Претседавање, особено кога станува збор за организацијата на Министерскиот состанок, истакна министерот Османи.

Тој изрази благодарност и до институциите со кои МНР соработувало и кои, како што нагласи, дале значителна поддршка за успешниот Министерски совет во Скопје како што се:  Министерството за внатрешни работи, Министерството за финансии, Министерството за одбрана и припадниците на воените сили на Северна Македонија, Службата за општи и заеднички работи на Владата на Северна Македонија.

На настанот се обрати и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој нагласи дека Самитот беше платформа за засилување на високо етаблираниот меѓународен кредибилитет на нашата земја.

-Беспрекорната организација на настан од глобална важност, која нѐ направи успешни домаќини, ни овозможи да ја зголемиме нашата видливост на меѓународната сцена, но и да ја потврдиме нашата посветеност кон мирот, стабилноста, соработката и развојот. Оваа одговорност ја преземавме најсериозно, знаејќи дека безбедноста е фундаментален предуслов за успешноста на овој меѓународен дијалог. Затоа и би упатил посебна благодарност до секој еден од ангажираните полициски службеници кои со својата максимална посветеност ја исполнија зададената цел, истакна Спасовски на настанот што го организираше МНР за одбележување на завршувањето на претседавањето на Република Северна Македонија со ОБСЕ.

Tags: МНРнастанОБСЕ
Next Post
EPA-EFE/REX/SHUTTERSTOCK

Напаѓачот од Прага бил инспириран од слично злосторство во руско училиште

НАЈНОВО

фото: Елбит Системс

Тајмс оф Израел: Србија купува израелска воена опрема вредна 1,64 милијарди долари

August 18, 2025

Пред средбата со Трамп, Зеленски ќе разговара со европските лидери во Вашингтон

August 18, 2025

Босански медиуми: Милорад Додик повеќе не е претседател на Република Српска, Судот на БиХ ја отфрли неговата жалба

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Потребни се предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски со економски „бум“, граѓаните во економска драма

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk