Станува повеќе од јасно дека противењето на одобрувањето на уставните измени, а со тоа и блокирањето на патот на земјата кон ЕУ, е резултат на погрешните политички калкулации на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Документот познат во јавноста како „Француски предлог“, кој предвидува внесување на бугарската заедница во Преамбулата на Уставот, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го нарече „бугарски диктат“. Противејќи се на овој предлог, предлог на еден од најмоќните сојузници на Северна Македонија, Франција, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не кажуваат кој е другиот пат кој води кон ЕУ.
Новинарот Дритон Зенку вели дека иако опозициската ВМРО-ДПМНЕ е свесна дека нема спореден пат за овој проект, патот на земјата кон ЕУ, сега, во пресрет на изборите, тешко се повлекуваат од оваа погрешна политика, за што беа отворено критикувани од Соединетите Американски Држави и претставници на пријателски земји од Европската унија.
– Сега тешко да се повлечат иако се свесни дека оваа нивна политика не поминува ниту кај меѓународниот фактор. Не случајно изјавуваат дека уставните измени ќе се случат но не под „бугарскиот диктат“. Тоа е доволно алиби за да се излезе од ситуацијата. Гласачкото тело кое традиционално гласа за ВМРО-ДПМНЕ е замесено така што само со националистичко-екстремно политичко дејствување може да се мотивираат да гласаат. Секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ги ублажи своите позиции, растот на Левица се гледа токму од ова гласачко тело крајно заслепено од национализмот, изјави Зенку за „Фронтлајн“.
Според него, тезата дека оваа партија кога ќе дојде на власт ќе го избере вистинскиот модел за да ги направи уставните измени е средина што раководството на оваа партија ја промовираше за одржување на балансот меѓу електоратот и меѓународниот фактор.
– Ова решение што го нуди ВМРО-ДПМНЕ не е решение кое го бара меѓународниот фактор, во случајов ЕУ и САД. Со овие постапки, ВМРО-ДПМНЕ веројатно долго ќе чека да дојде на власт. Освен што не ги „задоволуваат“, исполнуваат очекувањата на меѓународниот фактор, со ваквите политики нема да може да најде достоен и легитимен партнер ниту кај политичкиот фактор на Албанците. ВМРО-ДПМНЕ не може да излезе од магичниот круг во кој е навлезено свесно и несвесно, подвлече тој.
Првиот круг од претседателските избори ќе се одржи на 24 април, додека вториот круг на 8 мај, заедно со парламентарните избори.
Дестан Јонузи