ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

Регулативата за воспоставување на Механизмот за реформи и раст на Западниот Балкан на седница на Корепер

January 10, 2024 09:35
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

На дневниот ред на денешното заседание на Советот на постојани претставници на земјите членки на Европската Унија (Корепер) меѓу останатите точки е и Предлогот на регулативата за воспоставување на Механизмот за реформи и раст за Западниот Балкан, усогласен од страна на Советот на ЕУ и Европскиот парламент, јави дописникот на МИА од Брисел.

Како што се наведува во Регулативата, таа се носи имајќи ги предвид заедничкиот интерес на Унијата и нејзините партнери од Западен Балкан за унапредување на напорите за реформирање на политичките, правните и економските системи на земјите од регионот, со цел нивно идно членство во Унијата.

– Перспективите за членство во Европската Унијата имаат силен трансформациски ефект, што вклучува позитивни демократски, политички, економски и социјални промени, се додава во текстот.

Во документот се посочува дека во моментов БДП-то по глава на жител во земјите од регионот според стандардите на куповна моќ, се уште е на многу ниско ниво помеѓу 30 и 50 отсто од просекот на ЕУ и не се зголемува доволно брзо, па затоа со цел да се намали таа разлика Европската комисија го предложи Планот за раст на Западниот Балкан.

Планот за раст на Западниот Балкан се базира на четири столба: Зајакната интеграција на единствениот пазар на ЕУ, Поттикнување на регионалната економска интеграција, заснована на правилата и стандардите на ЕУ преку целосно спроведување на постоечкиот Акциски план за заеднички регионален пазар; Продлабочување на реформите насочени кон забрзување на растот во регионот, промовирање на економската конвергенција и зајакнување на регионалната стабилност; и Воспоставување на нов финансиски инструмент: Механизмот за реформи и раст на Западниот Балкан, се наведува во Регулативата.

Во текстот натаму се додава дека целта на Механизмот, како нов наменскиот финансиски инструмент, е да се зголеми финансиската поддршка на земјите од регионот за спроведување на Планот за раст и на неопходните реформи за поттикнување на економскиот раст, регионалната интеграција и заедничкиот регионален пазар.

– За да се постигнат овие цели, посебен акцент, особено кога станува збор за инвестициите, треба да се стави на секторите кои веројатно ќе бидат клучни мултипликатори на социјалниот и економскиот развој: поврзувањето, вклучувајќи го транспорт, енергијата, зелената и дигиталната транзиција, образованието и развојот на вештини, се наведува во документот.

Во регулативата се додава дека како придонес на ЕУ за интеграција на регионот, Европската комисија предлага ревизија на Трансевропската транспортна рамка (ТЕН-Т) со вклучување во неа на нов коридор што минува низ регионот на Западниот Балкан – Коридорот Запад-Источен Медитеран, при што се нагласува дека ТЕН-Т треба да биде референтна точка за финансирање на транспортната инфраструктура во регионот.

Механизмот, исто така, треба да ги поддржува и инвестициите и реформите кои го трасираат патот на земјите од регионот кон дигитална трансформација на економиите и општествата во согласност со амбициите за остварување на дигиталните цели на ЕУ до 2030 година и за гарантирање на безбедноста, флексибилноста и заштитата на интегритетот на дигиталната инфраструктура во регион, како и за поттикнување на зелената транзиција преку зголемена заштитата на животната средина, ублажување на климатските промени, зајакнување на отпорноста и забрзување на трансформацијата кон економии со ниски емисии на јаглерод.

Во документот се потенцира дека Механизмот не треба да претставува замена на сегашната билатерална и регионална поддршка за земјите од регионот, туку дополнителна помош за нивна подготовка за членство во Унијата.

– Во рамките на Механизмот треба да се обезбеди поддршка за остварување на општите и специфичните цели врз основа на утврдени критериуми и со јасни услови за исплата. Општите цели на Механизмот треба да бидат забрзување на регионалната економска интеграција, постепена интеграција со единствениот пазар на Унијата, социо-економска конвергенција на економиите на Западниот Балкан и усогласување со законите, правилата, стандардите, политиките и практиките на Унијата за постигнување на целта за членство во Унијата. Механизмот треба да придонесе и за забрзување на реформите поврзани со основните принципи на процесот на проширување, вклучувајќи го владеењето на правото, јавните набавки и контролата на државната помош, управувањето со јавните финансии и борбата против корупцијата. Овие цели треба да се постигнат на таков начин што ќе се надополнуваат една со друга, се додава во Регулативата.

Во документот се наведува и дека максималната сума на финансиската поддршка во рамки на Механизмот треба да биде шест милијарди евра за периодот од 2024 до 2027 година, од кои две милијарди евра во форма на грантови и четири милијарди евра позајмици, при што најмалку половина од вкупниот износ треба да се распредели преку Инвестициската рамка за Западниот Балкан (ВБИФ), вклучувајќи го и целиот износ на грантовите.

– Со оглед на амбициозните општи цели на овој Механизам со краток период на имплементација, Регулативата треба да стапи во сила наредниот ден по нејзиното објавување во Службениот весник на Европската унија, се наведува во документот.

Tags: БриселЕУЗападен Балкан
Next Post
Image: Bing Image Creator

ЕК објави конкурси за придонес во конкурентноста во виртуелната сфера и вештачката интелигенција

Shortcut

Најново

Од ладна резерва до рекордна добивка: Што се случи со ТЕЦ „Неготино“ во кризата?

August 30, 2026

ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

August 30, 2026

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Триесет часа руски напад врз цивилите во Украина: Расте бројот на жртвите, најмалку 37 загинати

August 29, 2026

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

August 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk