ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Политичко „здравје“

January 13, 2024 12:40
in ZOOM IN, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ДЕСТАН ЈОНУЗИ

Потребата за убавина, како висока естетска категорија, величествената архитектура, литературата и музиката, во синхронизација со високите духовни барања, биле главните импулси што ја довеле западната цивилизација, како што вели, Умберто Еко: „… да придонесе повеќе од било што за изградба на она што е Европа денес“.

Но, ние, отцепувајќи се од постулатите на оваа цивилизација, по османлиското ропство, бевме тешко погодени од грдотијата и, како што забележаа писателите и истражувачите, не покажавме чувствителност кон убавината.

Во земја каде што политичарите и олигарсите се ставени под западни санкции, а опозицијата е радикална и националистичка, треба да се има чувствителност за скапите сметки за застој на евроинтеграцискиот процес, но и за културната и естетската убавина.

Општество кое дење и ноќе се храни со политички изјави и истите се претвораат во пароли и секојдневна храна, тоа општество има сериозни проблеми со своето „политичко здравје“.

А впрочем, веќе извесно време, дел од нашето општество, единствен извор на ментална и духовна храна, наоѓа во јалови патриотски изјави, по што е фасциниран, како да се уметнички ремек-дела. Овој дел од општеството толку брзо ги голта овие изјави што често им се „лепат во грлото“.

Како резултат на тоа, поради блокадата на работата на Собранието, неизгласувањето на уставните амандмани, патот на Северна Македонија кон западната цивилизација, кон ЕУ, за кратко запре, но несомнено ќе продолжи, бидејќи мнозинството граѓани и граѓанки се за продолжување на оваа стратешка определба на државата.

Луѓе, нема плод од празни изјави и декларативна грижа, тие се само пароли, по што доаѓа реалноста. Сметката на овој деструктивен опозициски пристап кон стратешките определби на државата е многу поскап од нивниот националистички и конзервативен наратив.

На чело на македонската опозиција имаме заблудeни и злонамерни лидери, кои зборуваат само за негативни теми, кои ја изолираа државата, а сè што прават е: пропаганда, задача што ја вршат со ќеф.

Опозициската пречка на евроинтегративниот пат на Северна Македонија треба да го шокира секој човек во нашата земја.

Како да се ослободиме од овие „кончничари“ на европската перспектива и иднина на Северна Македонија?

Секој совесен граѓанин на Северна Македонија, на 8 мај, може со својот глас да ја отвори перспективата на земјата, наместо да ја изолира и да ја отуѓи проевропската насока од Брисел кон Москва!

Лидер на опозицијата, кој и да е, не можат да го заштитат сите зборови на светот, ако зад себе нема вистински дела за својата земја.

Овој нашиот има сѐ, само добри дела НЕ!


Специјално за Фронтлајн. Текстот е личен став на Авторот.
Tags: ЕУопозицијаполитика
Next Post

ОЈО: Одреден домашен притвор за уште едно лице за упадот во М-НАВ

EVN

НАЈНОВО

Анаис. Мотив, Крушево

Викенд хороскопот со Анаис за 18 и 19 април 2026

April 18, 2026

Комисија за култура на СДСМ: Љутков се кити со туѓи перја во Стоби додека удира врз колективниот договор

April 17, 2026

Филипче на панел на ПЕС: Прогресивните сили се последнатa линија на одбрана од авторитарните режими

April 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Анаис хороскоп, Македонија,, Скопје - Камен мост

    Дневен хороскоп со Анаис – 17 април 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски за Законот за високо образование: Мора да се работи за плата од 150.000 денари, не може без ниту еден научен труд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ испратиле писма до ЕУ по најавата од Мицкоски за „имам чувство”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Секнува унгарското масло за македонските пропагандисти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вафик Сафа: Хезболах никогаш нема да се разоружа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk