ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

(ПРЕГЛЕД НА ЦИВИЛ) Албански медиуми: Две лица повредени од граната на северот на Косово; се очекува објава на нови детали за нападот во Бањска; албанската опозиција продолжува со истото сценарио на блокади на собранието

January 16, 2024 12:34
in PMD, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Доцна синоќа во Северна Митровица од автомобил е фрлена рачна бомба од која две лица се повредени, извести косовската полиција.

Албанскиот министер за надворешни работи, Игли Хасани посочи дека на Албанија и се изнесени некои факти поврзани со овие истраги од меѓународни партнери, кои, како што наведе, чекаат да бидат објавени.

Ова се дел од темите од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-Прес.

КОСОВО

Визион Плус: Експлодира граната на северот на Косово, две лица се повредени

Две лица се повредени од експлозија на рачна бомба во понеделникот во доцните часови во Северна Митровица.

Полицијата соопшти дека инцидентот се случил на 15 јануари во 23 часот и 50 минути, кога три лица од српска националност, од кои двајца се повредени, излегле од кафеана во Бишевац во Северна Митровица и кога си заминале, автомобил им пришол и ги фрлил врз нив рачна бомба, пренесе Визион Плус.

Газета Експрес: Рускиот амбасадор со напад кон Косово, вели дека Русија ќе го поддржи само она на што ќе се согласи Белград

Русија продолжува да стои до Србија, додека Србија, и покрај барањата на ЕУ, не воведува санкции за државата предводена од Владимир Путин.

Така, амбасадорот на оваа земја во Србија, Александар Бочан-Харченко, продолжува да ја брани Србија мешајќи се во работите на Косово.

Според него, ситуацијата може да се спореди со Украина, а кога станува збор за Косово, секогаш постоел антисрпски концепт, исто како и во однос на Украина – антируски.

Коментирајќи ја изјавата на рускиот претседател Владимир Путин дека Србите не се народ кој Западот може да го потисне и потчини, рускиот амбасадор рече дека главната причина за нападот врз Србите е обидот да се уништи независната политика.

„Станува збор за православието, за православните вредности кои Западот ги уништува“, рече Боцан-Карченко, пренесе Газета Експрес.

Телеграфи: Меѓународни истраги за нападот во Бањска, албанскиот главен дипломат: Изнесени ни се факти кои очекуваме да бидат јавно објавени

Министерот за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Игли Хасани, при посетата на Косово изјави дека будно ги следат меѓународните истраги што се водат во врска со нападот што се случи на 24 септември во Бањска во Звечан.

На прес-конференција заедно со неговиот косовски колега, Хасани рече дека на Албанија и се изнесени некои факти поврзани со овие истраги од меѓународни партнери, кои, како што наведе, чекаат да бидат објавени, пренесе Телеграфи.

АЛБАНИЈА

Балкан Веб: Пратениците од опозицијата го спроведуваат истото сценарио, ја блокираат работата на комисијата, состаноци се одржуваат онлајн

По затворањето на состанокот на пратеничката група на ДП, пратениците од опозицијата решија да продолжат со минатогодишното сценарио, односно,  блокирање на работата во комисиите.

се работи за 3 собраниски комисии – Комисија за закони, Комисија за надворешни работи, Комисија за производна дејност. Поради создадената состојба и предупредувањата, трите комисии се одржуваат онлајн, пренесе Балкан Веб.

ДосјаАл: Судија од Валона нелегално градел објекти и ги давал под кирија

Судијата од Валона Хектор Синанај има многу проблеми околу пријавувањето на имотот на ИЛДКЛПИ. Синанај има законска обврска да го пријави имотот од 2000 година, кога почна да работи како судија.

За време на својата адвокатска работа во Валона во периодот 1992-2000 година, Хектор Синанај пријавил 170 милиони стари леки, но Синанај како адвокат не се појавува како регистриран субјект.

Синанај е сопственик и на 3-катница пред судот во Валона, објект изграден без дозвола и со сомнително земјиште. Во оваа зграда судијата изнајмува канцеларии за адвокати и психолози, кои ги „снабдува“ со работа од судот, се наведува во сторијата објавена во ДосјаАл.

КОЛУМНА

Коха: Надуени предвидувања

„Повеќе од четврт век по војната во Косово, овде повторно се зборува и дебатира за можноста за војна, и тоа главно од луѓе кои не се на јавни функции, но анализираат или дури и претпоставуваат дека тоа ќе биде така.

Ваквите дебати не ми се чини дека носат нов квалитет на знаење или дури мисли.“, пишува авторката Флака Сурои во колумната Надуени предвидувања,  објавена во Коха.

Подготви: Д. Тахири / Цивил Медиа

Tags: Албански медиумиизборрегион
Next Post
Бранко Тричковски

Злото како нужност и должност

Shortcut

Најново

Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

August 7, 2026

СДСМ: Кој оди на екскурзија во Брисел среде лето? Само оној што има таен план „под радарот“

August 6, 2026
Фото: Влада

Мицкоски: Македонските аеродроми се најбрзорастечки во регионот – тоа е резултат на работата изминатите 25 месеци

August 6, 2026
Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

August 6, 2026
Фото: Скриншот

Осумдесет и една година по атомската бомба, Хирошима повторно повика на разоружување

August 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Кој оди на екскурзија во Брисел среде лето? Само оној што има таен план „под радарот“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk