ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Политичката сцена на Албанците: Сите се за Европа, бараат поддршка од социјалистите Рама и Курти

January 18, 2024 12:53
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во пресрет на двојните претседателски и парламентарни избори, за политичкиот блок партии на Албанците, очигледно, исклучително важна е поддршката на социјалистите Албин Курти и Еди Рама.

Веќе е објавено дека косовскиот премиер и лидер на „Самоопределување“, Албин Курти го поддржува блокот на албанските опозициски партии во рамките на коалицијата Европски сојуз за промени (ЕСП), во која се Движењето БЕСА, Демократското движење и Алтернатива. додека социјалистот Еди Рама во средата од Скопје, преку шефот на албанската дипломатија, Игли Хасани, индиректно испрати порака дека Албанија ги поддржува партиите од парламентарното мнозинство, нагласувајќи дека: „Албанија ги поддржува проевропските сили во Северна Македонија“.

Запрашан за најавите за делување на движењето „Самоопределување“ на Албин Курти на политичката сцена во Северна Македонија, министерот за надворешни работи на Албанија, Игли Хасани, рече дека ја претставува Република Албанија и дека ги поддржува проевропските сили на Албанците во Република Северна Македонија.

– Јас сум претставник на Република Албанија. Дојдов овде да ги поддржам прогресивните, проевропските сили на Албанците и на Северна Македонија – во нивните јасни позиции за вашата европска иднина, рече Хасани.

Шефот на дипломатијата и висок партиски функционер на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Бујар Османи, повторно ги коментира најaвите за учество на „Самоопределување“ на следните парламентарни избори со номинирање и кандидирање на свои луѓе на заедничките листи на албанската опозиција.

Според Османи тоа не е ништо ново бидејќи, како што рече, такви напори имало и претходно и тоа нема директно влијание на политичката сцена.

Османи вели дека обиди за директни поддршки и учества имало и порано од претседателскиот кандидат, кој потоа беше министер во владата на Косово, преку учество на високи експоненти на предизборните собирања и митинзи.

– И тоа покажа дека политичката сцена на Албанците во Република Северна Македонија е консолидирана и не очекувам, како што не влијаеше претходно, да влијае и сега, дециден е Османи.

Тој се осврна на фрагментирањето на политичката сцена, говорејќи како претставник на Албанците, а не како министер.

– Фрагментирање на албанската политичка сцена во повеќе помали партии ја ослабнува моќта да се претстават соодветно во државата, бидејќи има една тенденција, поттикната од надворешни фактори, но малку и од внатрешни, Албанците во Северна Македонија да се организираат во секој град да имаат политичка партија и секој град да има свој политички лидер и така тие да се занимаваат со локалните прашања и меѓу себе, за да нема една политичка платформа што ги претставува Албанците и да ја пренесе нивната политичка волја во институциите, изјави Османи одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција со албанскиот колега Игли Хасани.

Од друга страна, лидерите на Европскиот сојуз за промена, Африм Гаши, Билал Касами и Изет Меџити, заедно со советникот на премиерот Курти за Северна Македонија, Беким Ќоку, за време на нивната официјална посета на Вашингтон, реализираа средба со сенаторката Џони Ернст, ко-претседателка на групата за албански прашања на американскиот сенат и претседателка на Комитетот на Републиканците за политиките во Сенатот.

– Потврдувајќи го стратешкото партнерство со Соединетите Американски Држави, на овој состанок се изрази јасниот став дека Албанците остануваат посветени на продлабочување на соработката со САД и ЕУ, како единствена опција која обезбедува мир и стабилност во регионот, се вели во соопштението од ЕСП.

Додека лидерот на ДУИ во Скопје се сретна со министерот за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Игли Хасани.

– На средбата се разговараше за актуелната политичка ситуација, процесите во кои се наоѓаат двете земји, евроинтеграцискиот пат како и случувањата во регионот. Ахмети детално ја елаборираше иницијативата на Европскиот фронт и ризиците од растечкото влијание од Русија во земјата и регионот. Ахмети и Хасани се согласија дека Европската Унија е единствената алтернатива за нашиот регион, соопштија од ДУИ.

„Фронтлајн“ од партиски извори дознава дека во однос на изборните комбинаторики, деновиве во Тирана ќе се сретне лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари со премиерот на Албанија и лидерот на Социјалистичката партија, Еди Рама.

Дестан Јонузи

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Албин КуртиАли АхметиАрбен ТаравариЕди РамаЕУизбориПриштинаСкопјеТирана

НАЈНОВО

Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

„SafeJournalists“: Ситуацијата е надвор од контрола – бараме итна заштита на медиумските работници во Србија

July 3, 2025
Фото: Укринформ

Осум загинати во нови руски напади врз Украина

July 3, 2025

Сиљановска Давкова околу усвојувањето на извештајот во ЕП, вели „се е можно да се случи“

July 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Забрчанец: Имавме серија потврди за македонскиот идентитет од 2017 до 2024 – дали иницијативите на Мицкоски се осмислени за да не успеат?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Српската полиција тепа студенти пред Правниот факултет во Белград, блокади во голем број градови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk