Специјалниот апелационен суд за корупција и организиран криминал го прифати барањето на поранешниот премиер Сали Бериша и неговиот зет Јамарбер Малтези да го одложат распитот за следната недела, известија албанските медиуми.
Се очекува највисоката судска институција во Албанија да одлучи за судбината на многу дебатираниот договор Рама-Мелони за сместување на најмалку три илјади бегалци.
Ова се дел од темите од денешниот редакциски избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-Прес.
АЛБАНИЈА
Панорама: Сослушувањето на Сали Бериша и неговиот зет Јамарбер Малтези е одложено за една недела
Специјалниот апелационен суд за корупција и организиран криминал го прифати барањето на поранешниот премиер Сали Бериша и неговиот зет Јамарбер Малтези да го одложат распитот за следната недела.
Во меѓувреме, потсетуваме дека Специјалниот Апелационен суд за корупција и организиран криминал регистрираше две жалби на поранешниот премиер Сали Бериша, онаа за „куќен притвор“ и за разрешување на судијата во случајот, пренесе Панорама.
Досја: Уставниот суд денеска одлучува за договорот Италија-Албанија за имигрантите
Се очекува највисоката судска институција во Албанија да го каже своето и да одлучи за судбината на многу дебатираниот договор Рама-Мелони за сместување на најмалку три илјади бегалци кои се фатени во обид илегално да влезат на италијанските брегови, во два центри кои ќе бидат подигнат во северозападниот дел на земјата ,пренесе Досја.
КОСОВО
Газета Експрес – Градоначалникот на Лепосавиќ: Процесот на петиција за мое разрешување не е чесен, граѓаните ги плаќа Србија
Градоначалникот на Лепосавиќ, Лулзим Хетеми, од својот кабинет, каде што работи веќе 8 месеци, го следеше процесот на собирање потписи за петицијата преку која се насочува неговото разрешување од функцијата што ја извршува во моментов, пренесе Газета Експрес.
Блиц: Во Косово е повлечена од оптек банкнотата од 500 евра
Централната банка на Косово донесе некои важни одлуки. Една од нив е забраната за повторно пуштање во оптек на постојната банкнота во износ од 500 евра.
Исто така, заради спречување на внесување фалсификувани пари, физичките и правните лица кои не вршат финансиска дејност се должни да направат декларација на монети ако носат повеќе од 100 парчиња/единица без разлика на износот, пренесе Блиц.
Албеу: Никола Сандуловиќ за првпат раскажа: БИА ме тепаше и понижуваше повеќе од 6 часа
Никола Сандуловиќ, кој се извини за злосторствата врз етничките Албанци, зборуваше за „Гардијан“ за прв пат по неговото ослободување од притвор.
Тој вели дека белградските тајни служби го тепале, мачеле и понижувале и му се заканувале дека ќе го убијат него и неговото семејство.
Никола Сандуловиќ, лидерот на Српската републиканска партија, рече дека бил одведен од неговиот дом пред 10 дена и бил изложен на злоупотреба и насилство повеќе од шест часа од страна на српската разузнавачка служба, пренесе Албеу.
КОЛУМНА
Коха: Маленкоста на Балкан
Свртувајќи го нашето внимание кон Давос и презентацијата на американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан, сакам да кажам две работи кои директно нè засегаат.
Прво, една работа воопшто не е разговарана во Давос: Балканот. Од дискусиите на форумот е јасно дека нашиот регион паднал во хиерархијата на глобалните приоритети.
Горенаведените теми, како и други теми како овонеделниот напад на Иран врз Пакистан, се постојана преокупација на западните канцеларии, пишува авторот Демуш Шаша во колумната „Маленкоста на Балкан“, објавена во Коха.
Подготви: Д. Тахири / Цивил Медиа