ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

(ПРЕГЛЕД НА ЦИВИЛ) Албански медиуми: Апелацискиот суд го одложи сослушувањето на Бериша; Уставен суд ќе одлучува за договорот за емигрантите помеѓу Албанија – Италија; Во Косово е повлечена од оптек банкнотата од 500 евра

January 18, 2024 12:37
in PMD, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, РЕГИОН
Photo: LSA

Photo: LSA

Share on FacebookShare on Twitter

Специјалниот апелационен суд за корупција и организиран криминал го прифати барањето на поранешниот премиер Сали Бериша и неговиот зет Јамарбер Малтези да го одложат распитот за следната недела, известија албанските медиуми.

Се очекува највисоката судска институција во Албанија  да одлучи за судбината на многу дебатираниот договор Рама-Мелони за сместување на најмалку три илјади бегалци.

Ова се дел од темите од денешниот редакциски избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-Прес.

АЛБАНИЈА

Панорама: Сослушувањето на Сали Бериша и неговиот зет Јамарбер Малтези е одложено за една недела

Специјалниот апелационен суд за корупција и организиран криминал го прифати барањето на поранешниот премиер Сали Бериша и неговиот зет Јамарбер Малтези да го одложат распитот за следната недела.

Во меѓувреме, потсетуваме дека Специјалниот Апелационен суд за корупција и организиран криминал регистрираше две жалби на поранешниот премиер Сали Бериша, онаа за „куќен притвор“ и за разрешување на судијата во случајот, пренесе Панорама.

Досја: Уставниот суд денеска одлучува за договорот Италија-Албанија за имигрантите

Се очекува највисоката судска институција во Албанија да го каже своето и да одлучи за судбината на многу дебатираниот договор Рама-Мелони за сместување на најмалку три илјади бегалци кои се фатени во обид илегално да влезат на италијанските брегови, во два центри кои ќе бидат подигнат во северозападниот дел на земјата ,пренесе Досја.

КОСОВО

Газета Експрес – Градоначалникот на Лепосавиќ: Процесот на петиција за мое разрешување не е чесен, граѓаните ги плаќа Србија

Градоначалникот на Лепосавиќ, Лулзим Хетеми, од својот кабинет, каде што работи веќе 8 месеци, го следеше процесот на собирање потписи за петицијата преку која се насочува неговото разрешување од функцијата што ја извршува во моментов, пренесе Газета Експрес.

Блиц: Во Косово е повлечена од оптек  банкнотата од 500 евра

Централната банка на Косово донесе некои важни одлуки. Една од нив е забраната за повторно пуштање во оптек на постојната банкнота во износ од 500 евра.

Исто така, заради спречување на внесување фалсификувани пари, физичките и правните лица кои не вршат финансиска дејност се должни да направат декларација на монети ако носат повеќе од 100 парчиња/единица без разлика на износот, пренесе Блиц.

Албеу: Никола Сандуловиќ  за првпат раскажа: БИА ме тепаше и понижуваше повеќе од 6 часа

Никола Сандуловиќ, кој се извини за злосторствата врз етничките Албанци, зборуваше за „Гардијан“ за прв пат по неговото ослободување од притвор.

Тој вели дека белградските тајни служби го тепале, мачеле и понижувале и му се заканувале дека ќе го убијат него и неговото семејство.

Никола Сандуловиќ, лидерот на Српската републиканска партија, рече дека бил одведен од неговиот дом пред 10 дена и бил изложен на злоупотреба и насилство повеќе од шест часа од страна на српската разузнавачка служба, пренесе Албеу.

КОЛУМНА

Коха: Маленкоста на Балкан

Свртувајќи го нашето внимание кон Давос и презентацијата на американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан, сакам да кажам две работи кои директно нè засегаат.

Прво, една работа воопшто не е разговарана во Давос: Балканот. Од дискусиите на форумот е јасно дека нашиот регион паднал во хиерархијата на глобалните приоритети.

Горенаведените теми, како и други теми како овонеделниот напад на Иран врз Пакистан, се постојана преокупација на западните канцеларии, пишува авторот Демуш Шаша во колумната „Маленкоста на Балкан“, објавена во Коха.

Подготви: Д. Тахири / Цивил Медиа

Tags: Албански медиумиизборрегион
Next Post

Посебен режим на сообраќај во Скопје за празникот Богојавление-Водици

Најново

Филипче за унгарскиот кредит: Кој ги зел провизиите е клучното прашање?

May 6, 2026
Анаис. Мо5тив, Прилеп

Дневен хороскоп со Анаис за 6 мај 2026: Ден за стабилизација и цврсти одлуки

May 6, 2026

Месечен хороскоп со Анаис за мај 2026 – Трансформации и нови почетоци

May 6, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Кривични пријави за родителите на малолетничките кои претепаа 13-годишно девојче во Ѓорче Петров

May 5, 2026

Бочварски: За две години власта нема ниту еден нов проект, се фали со проектите на СДСМ

May 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk