ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АКЦЕНТИ

Целакоска: Патот до ЕУ веќе не зависи од ВМРО-ДПМНЕ

January 19, 2024 16:00
in АКЦЕНТИ, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Во контекст на најновите збиднувања на политичката сцена во Северна Македонија и претстојните настани и посети на високи државни претставници на меѓународната заедница, побаравме коментар од универзитетската професорка и колумнистка, Емилија Целакоска.

На прашањето на ЦИВИЛ МЕДИА, како ја коментира политичката ситуација и влијанието на домашните, регионалните и меѓународните чинители во наредниот период, Целакоска вели дека интерес ќе привлече неофицијалната информација за „нон пејперот“ чие потпишување би значело дека нема да се коалицира со партија која нема јавно да изјави дека во првите 6 месеци од новиот мандат нема да ги направи уставните измени.

„Од сите настани што допрва ќе се случат во врска со нашиот Европски пат (посебно самитот на лидерите на Западен Балкан во недела во Скопје и доаѓањето на Џим О’Брајан и високите претставници од Брисел), специјално е интересна токму неофицијалната информација за барањето на меѓународниот фактор за потпишување на „нон пејпер“ со некој вид ветување дека не би коалицирале (се мисли постизборно) со партијата која нема јавно да изјави дека во првите 6 месеци од новиот мандат нема да ги направи уставните измени“, вели Целакоска.

Таа нагласи дека тоа би значело дека патот до ЕУ веќе не зависи од ВМРО-ДПМНЕ, но треба да се следи и како ќе се одвива предизборното коалицирање.

„Во превод, продолжетокот на Европскиот пат да не зависи повеќе од ВМРО-ДПМНЕ. Ова може да се нарече и „операционализација“ на проценката на Џејмс О’Брајан за некупувањето ни автомобил од такви луѓе. Се разбира, ДУИ (но и другите партии со етнички предзнак) ќе треба да се од збор и со гаранција, како што и досега се покажаа, како на пример во брзиот одговор на блефот на ВМРО-ДПМНЕ за влегување во Влада со цел да се спроведат потребните Уставни измени – „без ДУИ“ – „Важи, без ДУИ!“, истакана Целаковска.

„Но, сега е комплициран период за аналитиките на партиите, најмногу во однос на коалицирањето. Да се надеваме дека аналитиките на СДСМ се во ред кога пресметале дека ефектот на коалицирање со ДУИ го надминува отпорот на граѓаните кон таква коалиција, но ДУИ веројатно смета дека така премногу се бара од неа врзано да „гарантира“ за Европската иднина. Можеби ДУИ се надева дека ВМРО-ДПМНЕ ќе даде јавна гаранција за промена на Уставот во првите 6 месеци?“, изјави таа.

Сепак, според неа, моменталното не на ДУИ да влезе во предизборна коалиција најверојатно е барање на други гаранции од проевропските партнери.

„Сегашното несложување на ДУИ за предизборна коалиција со СДСМ е, веројатно момент на барање на други гаранции од своите проевропски партнери, а не дефинитивен став, бидејќи и тие сигурно имаат аналитики слични и симетрични на оние од СДСМ за предизборна коалиција. Асиметријата во аналитиките е сигурно голема кај ВМРО-ДПМНЕ и Левица, при што ВМРО-ДПМНЕ секако е заинтересиран да ја апсорбира Левица, но Левица досега се прикажуваше како некаква „трета“ опција, различна ем од проевропскиот фронт, ем од ВМРО-ДПМНЕ. Јасно, доколку не ги замајувала своите членови и симпатизери“, заклучува Целакоска.

Биљана Јордановска / Цивил Медиа

Tags: Емилија Целакоскакоалицииуставни измени
Next Post

Манарино противник на Ѓоковиќ во осминафиналето на Австралија Опен

Shortcut

Најново

Неверојатно но вистинито: Убедлива победа на Путин!

September 22, 2026

Мицкоски се пофали со разговор со Рубио, СДСМ: Тоа беше средба во ходник

September 21, 2026
Никола Спасов

Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

September 20, 2026

КУРШЛУС: Сатира за времиња во кои реалноста ја надминува шегата

September 19, 2026

Оружје, принуда и заплашување – составни делови на рускиот изборен процес

September 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чалам на виткање, карактер на расклопување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk