ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

(ПРЕГЛЕД НА ЦИВИЛ) Албански медиуми: Српскиот адвокат Стојковиќ оддаде почит на гробот на Блерина Јашари; Централната банка на Косово го „укина“ српскиот динар; СПАК го отфрли барањето на Бериша за учество во Собранието

January 19, 2024 12:27
in PMD, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Во косовските медиуми денеска една од најчитаните содржини е веста за посетата на српскиот адвокат Чедомир Стојковиќ, на гробот на седумгодишното девојче Блерина Јашари ( од семејството на Адем Јашари) во меморијалниот комплекс во Преказ.

Косовската централна банка донесе одлука за укинување на српскиот динар во Косово, валута која се употребува на северот на Косово.

Ова се дел од денешниот редакциски избор на ЦИВИЛ Медиа, на темите од албанските медиуми во регионот за денешното издание на АЛ-Прес.

КОСОВО

РТК: Српскиот адвокат Стојковиќ оддаде почит на гробот на Блерина Јашари

Чедомир Стојковиќ, адвокатот на српскиот политичар Никола Сандуловиќ, положи цвеќе во комплексот „Адем Јашари“ во Преказ на гробот на Блерина Јашари, седумгодишното девојче убиено во 1998 година.

Тој остави и порака на нејзиниот гроб. „Омразата умира. Ти  живееш вечно. Илјада солзи за илјада години, и милиони надежи и соништа. Кои почнуваат со зборот – Извини“, се наведува  во пораката.

„Мораме да се стремиме кон мир. И ние мора да се стремиме кон помирување! Од тоа зависи иднината на нашите деца. Денеска положив цвеќе на гробот на албанската девојка Блерина Јашари, која беше убиена кога имаше 7 години“, рече тој по почестите на гробот на Блерина Јашари, пренесе РТК.

НОА: Централната банка на Косово го „укина“ српскиот динар: Плаќањата ќе се вршат само во евра

Централната банка на Косово одобри регулатива за готовинско работење, во која се вели дека единствената валута дозволена за извршување на трансакции за плаќање во готовина во Косово е еврото.

Во Косово, во сите населени места со мнозинско српско население, тамошното население го користи српскиот динар за плаќање, а и оние кои работат во српските институции на Косово, платата ја земаат во динари. Со динари се исплаќаат и пензиите, според српскиот систем, како и детски додатоци и социјални надоместоци, пренесе НОА.

ОРАинфо: Почнува собирањето потписи за разрешување на Илир Пеци од функцијата градоначалник на Звечан

Денеска почна собирањето потписи за разрешување на градоначалникот на општина Звечан Илир Пеци.

Собирањето потписи за разрешување на градоначалниците почна и во Северна Митровица и Лепосавиќ.

Потоа потписите се доставуваат до претседателот на општинското собрание и до ЦИК. Потоа, изборната институција ги верификува потписите и доколку не се онолку колку што се бара – 20 отсто од гласачите – иницијаторите на барањето имаат рок од 10 дена да ја исполнат оваа квота, пренесе ОРАинфо.

Клан: СПАК го отфрли барањето на поранешниот премиер Бериша за учество во Собранието

Специјалното обвинителство за корупција и организиран криминал го одби барањето на поранешниот премиер Сали Бериша да учествува на пленарните седници на Собранието.

Барањето поднесено на 15 јануари годинава од правните бранители на поранешниот премиер, Сокол Менѓеси и Генц Ѓокутај, обвинителите на СПАК го отфрлија на 18 јануари, пренесе Клан.

Сури: Пратениците на ДП ја блокираат работата на Комисијата за изборни реформи

Пратениците од опозицијата одлучија да го блокираат состанокот на специјалната Комисија за изборни реформи.  Лидерот на групата ДП Газменд Барди од 10 часот ја собра пратеничката група на Демократската партија.

По состанокот,  тие ја окупираа салата во која комисијата ќе ја работи својата работа, пренесе Сури.

КОЛУМНА

Коха: Дијалог от и евроинтеграциите на Косово во годината на мега-изборите

„Причините за евентуалната стагнација во нормализацијата на односите меѓу Косово и Србија, како и гранатирањето на апликацијата на Косово за членство во ЕУ, не се европските избори, ниту американските, ниту оние во Северна Кореја или во Русија и Индија.

Успехот на процесот зависи само од притисокот врз Србија да го спроведе она што ЕУ и понатаму го нарекува Договор за патот кон нормализација.

ЕУ мора да најде одговор на сега писмената декларација на Србија дека нема намера да ги спроведе главните делови од тој договор“, пишува авторот Аугустин Палокај во колумната „Дијалогот и евроинтеграциите на Косово во годината на мега-изборите“, објавена во Коха.

Подготви: Д. Тахири / Цивил Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Албански медиумиизборрегион
Next Post
Photo: SpaceX.

Лансирана првата паневропска комерцијална вселенска мисија

НАЈНОВО

Првиот Ром кандидат за градоначалник на Град Скопје, адвокатот Срџан Амет / фото: А. Мехмети, ЦИВИЛ

Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

September 10, 2025

Макрадули: Станува јасно зошто Владата не ги исполнува ветувањата

September 10, 2025

БРТ е единственото решение за брз и ефикасен превоз во Скопје, смета Шукова

September 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • EXIT ќе го носел. А бе оди прај си Ѓурѓовден на Три Круши

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мижи Митро, толумби паѓат и Орце ќе го донесе EXIT во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија на крстопат: Резолуција што може да го одблокира европскиот пат!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Али и Мали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk