„Економски стимул за побрза интеграција на регионот во ЕУ, дијалог за политичките спорови меѓу земјите од Западен Балкан, опозициската ВМРО-ДПМНЕ да ја каже својата алтернатива за интеграција на државата“ – овие беа главните пораки според поранешниот амбасадор Мухамед Халили од конференцијата за Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан одржена во понеделник во Скопје.
– Средбата на лидерите од Западен Балкан е во функција на економскиот развој на регионот во висина од 6 милијарди евра. Стимулирањето на економскиот развој ќе придонесе за побрза ЕУ интеграција на земјите од регионот. Познато е дека застојот на политичката соработка на земјите од Западен Балкан пред се на релација Косово – Србија, како и состојбата во Босна може да придонесе на раст на тензиите во регионот и давање прилика на Русија за проширување на тензиите и во другите делови на светот а поготово на Балканот. Претседателот Бајден предупреди дека намалувањето на воената и економската помош на Украина ќе има тешки последици на Балкан, изјави Халили за „Фронтлајн“.
Пораката на помошник државниот секретар за европски и евроазиски прашања на САД, Џејмс О’Брајaн од конференцијата, според поранешниот дипломат Мухамед Халили – беше Косово и Србија да го спроведуваат договореното во Охрид, додека во Северна Македонија опозицијата да го презентира планот за приклучување на земјата кон ЕУ, ако и понатаму смета дека не се потребни уставни измени.
Дестан Јонузи
Поврзано:
САД бараат Мицкоски да го презентира планот за приклучување на земјата кон ЕУ