Пишува: ЗОРАН ИВАНОВ
Американскиот помошник државен секретар за Европа и Евроазија Џејмс О’Брајан во Скопје искажа уверување дека нашите мајски избори не ќе се само обични туку ќе се јасен избор помеѓу оние кои го сакаат европскиот пат и помеѓу оние чие минато, како што рече, покажуваат дека не се заинтересирани за пристапување во ЕУ и притоа, од дипломатска пристојност се разбира, кон вториве, кон оние кои „покажуваат дека не се заинтересирани за пристапување во ЕУ“ не покажа со прст но како на школска табла ги нацрта ВМРО-ДПМНЕ и неговите нотарски пратеници и згора, кажано и во оваа една реченица, до македонските граѓани порача до изборите да размислат дали ќе му се верува на популизмот, на оној кој ги кочи интеграциите што создава амбиент за нестабилност или ќе им се верува на партиските апетити кои ја компензираат ЕУ за гола власт и, цитирано од високиот американски дипломат, мајските ќе бидат избор за сигурност, стабилност и извесен просперитет, попрецизно, избор за движење кон Европа или избор за талкање по некој сосема различен пат.