ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Украина: Пет жртви во Харкив; Стефанчук бара системи за противвоздушна одбрана; амбасадорката Дир се заблагодари на Петровска за македонската поддршка

January 23, 2024 20:34
in ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ

Бројот на погодените од ракетниот напад утринава врз Харкив во Украина, извршен од руските сили, се зголеми на 63, од кои пет лица загинаа.
Последната откриена жртва е идентификувана како 21-годишна жена, чие тело се извлекува од под урнатините на уништениот станбен блок, изјави началникот на украинската Регионалната воена управа, Олех Синиехубов. Во претходниот извештај на Министерството за внатрешни работи ан Украина се вели дека бројот на повредените е до 57, меѓу кои и осум деца.

Утрово најмалку осум експлозии одекнаа во Харкив. Целосно е уништен дел од петкатница. Исто така, околу 4 часот се регистрирани и експлозии. Станбена зграда и друга цивилна инфраструктура претрпеа оштетувања, пренесува Укринформ..

Претседателот на Врховната Рада на Украина, Руслан Стефанчук, со апел на социјалната мрежа X до земјите поддржувачи на Украина што ја осудуваат руската агресија, побара што е можно поскоро да обезбедат повеќе системи за противвоздушна одбрана.

I appeal to my colleagues, the Speakers of the Parliaments of the countries that support Ukraine in our fight against the russian aggressor.

Today I am in Kharkiv. This is one of the biggest cities in Ukraine. And you see behind me the result of the morning’s russian attack on… pic.twitter.com/GN64jQJMVd

— Ruslan Stefanchuk (@r_stefanchuk) January 23, 2024

„Апелирам до моите колеги, претседателите на парламентите на земјите кои ја поддржуваат Украина во нашата борба против рускиот агресор. Денес сум во Харкив. Ова е еден од најголемите градови во Украина. И го гледате зад мене резултатот од утринскиот руски напад врз цивили. Сакам секој од вас да ги види овие фотографии и да разбере дека Русија е терористичка држава. Ни требаат повеќе системи за противвоздушна одбрана, противракетни системи, артилерија и муниција. Ни требаат што е можно поскоро. Украина се бори за нашата и вашата слобода. Донесете одлука“, апелира Стефанчук.

Украинската амбасадорка Лариса Дир, пак, во објава на социјалните мрежи ѝ се заблагодари на министерката за одбрана Славјанка Петровска за поддршката што Северна Македонија и ја дава на Украина за време на руската агресија.

„Искрено ѝ благодарам на Славјанка Петровска за постојаната помош високо ја цени поддршката на Северна Македонија, која ја добиваме од првите денови на руската агресија против Украина Поддршката на Северна Македонија е од витално значење за Украинците, кои секојдневно се наоѓаат под ракетно гранатирање од членка на UNSC-Руската Федерација“, напиша амбасадорката Лариса Дир.

Искрено ѝ благодарам на @SlavjankaPetrov за постојаната помош
🇺🇦високо ја цени поддршката на🇲🇰, која ја добива од првите денови на руската агресија против🇺🇦
Поддршката на🇲🇰е од витално значење за Украинците, кои секојдневно се наоѓаат под ракетно гранатирање од членка на UNSC-рф. https://t.co/wE1OVLl8Nm

— Larysa Dir (@dir_larysa) January 23, 2024

Претходно министерката Петровска објави фотографии од Министерски состанок на Контакт групата за поддршка на Украина.

„Министерски состанок на Контакт групата за поддршка на Украина. Руската агресија која предизвикува само човечки страдања мора да запре. Северна Македонија од првиот момент на оваа неиспровоцирана агресија е јасна и недвосмислена во поддршката за Украина“, се наведува во објавата од минисерката Петровска.

Утрово, како што пренесе Укринформ, најмалку осум експлозии одекнаа во Харкив. Целосно е уништен дел од петкатница. Исто така, околу 4 часот се регистрирани и експлозии. Станбена зграда и друга цивилна инфраструктура претрпеа оштетувања, се вели во извештаите од украинските власти.

Подготви: Ј. Ѓ.

Tags: Војна во УкраинаЛариса ДирРуска агресијаРуслан СтефанчукСлавјанка Петровска
Next Post

Ќелавост

НАЈНОВО

Активни пожарите во „Јасен“ и кај селата Беловодица и Церово, затворен патот Скопје – Македонски Брод

August 21, 2025

Џ. Д. Венс: Европа мора да го понесе „лавовскиот дел“ од товарот за безбедносните гаранции на Украина

August 21, 2025
Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МНОГУ ПАРИ МАЛКУ МУЗИКА: Политичката мапа и финансирањето на политичките партии во пресрет на локалните избори 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk