ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бочварски: Капиталните инфраструктурни проекти клучни за развојот на националната економија

January 24, 2024 13:27
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Капиталните инфраструктурни проекти имаат клучно значење за развојот на економијата и тоа беше главната водилка при креирањето на движењето на капиталните инвестиции од страна на Владата изминатиот мандат. Фокусот беше ставен на подигнувањето на нивото на капиталните инвестиции во државата, со цел поефиканско пребродување на кризата наметната од ковид-епидемијата и енергетската криза како последица од војната во Украина. Тоа денеска го истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски во обраќањето на панел-дискусијата во рамки на дводневната годишна конференција „Година на европски можности“ што во организација на Владата се одржува во Скопје.

Бочварски истакна дека државата мора да продолжи по трасираниот пат, преку зголемување на капиталните инвестиции да се овозможи повеќе работа за домашните компании и за сите останати што ќе бидат избрани да работаат на македонските патишта, пруги, гасоводи…

– Ако пред десеттина години нивото на капиталните инвестиции изнесуваше некаде 260 милиони евра годишно, во 2023 тоа достигна над 700 милиони евра, што значи развој на државата, изградба на патишта, железнички пруги, локални патишта, гасоводи, водоводи, канализации, социјални станбени згради и се она што значи развој и подобар живот за граѓаните. Овие бројки не ги кажуваме само како бројки туку како реални проекти видливи на терен, рече тој.

Министерот уште истакна дека клучно за Северна Македонија како континентална држава клучно е да ги развива двата европски коридори. Според него, голем успех е што заедно со Бугарија, Албанија и Италија Коридорот 8 беше впишан на мапата главни европски коридори.

– Тоа е мошне значајно за нас, оттаму што нашата цел е да ги изградиме тие два коридори…Со тоа конкурентноста на државата ја носиме на многу повисоко ниво, рече тој.

Вториот аспект, според него, е интерконекторот за гасното поврзување на државата кон Грција, проект за кој се говореше многу години, а сега веќе тендерската постапка е во тек, а постои и интерес кај компнии за влез во процедура и да учествуваат во негова изградба. Бочварски потсети дека се завршени двата магистрални гасоводи кон Битола и кон Гостивар, што е дополнителен исчекор во исклучително сложени околности.

– Градежништвото во овој период доживува рестарт. Тоа го кажувам поради градежната реформа што ја спроведуваме, преку новиот пристап и принцип на проектирање и градба што ги дава посакуваните резултати. Ова е шансата на нашата држава, конечно после 30 години самостојност да покажеме дека инфраструктурата е на приоритетно ниво, рече тој.

Меѓу другото тој посочи и на поддршката на општините со 70 милиони евра за реализација на локални патни правци, да се инвестира во ефикасен транспортен систем во земјата како предуслов за развој.

– Направивме рехабилитација и доизградба на четири патни правци кон граничните премини…Пуштен е во употреба патниот правец Деве Баир- Крива Паланка, пуштен е патот од Битола кон Меџитлија, а есента беше пуштен во употреба и обновениот патен правец од Подмоље кон Струга и Ќафасан. Поврзувањето е подобрено во дел на комуникација  кон Албанија, кон Грција и Бугарија, а најавувам дека веќе утре сме на пуштање на патниот правец Скопје – Блаце и поврзувањето кон Косово, рече Бочварски.

Tags: Бочварскиизлагањепанел
Next Post

Има обрасци за пасоши, издавањето документи продолжува и по 12 февруари, уверува Спасовски

Shortcut

Најново

Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

August 14, 2026
Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

СДСМ бара Национален оперативен штаб и конкретни мерки за заштита од западно-нилската треска

August 13, 2026

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk