ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Донесен Законот за употреба на македонскиот јазик кој ќе го замени досегашниот стар 25 години

January 26, 2024 14:12
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Пратениците го донесоа Законот за употреба на македонскиот јазик кој ќе го замени досегашниот од 1998 година. Законот беше дополнет со прифатени амандмани на матичната собраниска Комисија за култура и донесен во целина со гласовите на сите 96 присутни пратеници на 139-та седница, која ја водеше новоизбраниот претседател на Собранието Јован Митрески, без против и без воздржани гласови.

Законот пропишува задолжително лекторирање на сите материјали, со објавување на името на лекторот, задолжително вработување лектори во сите јавни институции и органите на власта, во државни институции, училишта, издавачки куќи, медиуми, со што се очекува да се зголеми и интересот за студирање македонски јазик. Ќе се формира и Инспекторат за надзор над примената на законот.

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во излагањето пред гласањето рече дека со многу труд, посветеност и ентузијазам успеале да ги исполнат заложбите за заштита и унапредување на македонскиот јазик.  Посочи дека по неколку незначителни измени на досегашниот закон, стар 25 години, новиот закон нуди решенија и механизми за градење соодветна јазична политика, дополнителни механизми во функција на зајакнувањето на почитување на македонскиот стандарден јазик и неговата правилна употреба.

-Денес правиме вистински потфат во унапредување на јазикот и зајакнување на македонскиот идентитет. Односот кон јазикот јасно ги покажува нашите намери  и на сите оние кои учествуваа во транспарентната постапка на негова подготовка. И на јазикот се кршеа копја и се водеше политикантство, но покажавме дека со јазикот, културата и македонскиот идентитет нема компромиси. Со изгласувањето на овој закон, не добиваме само нов и современ закон за македонскиот јазик, туку и пример како треба да се изработува еден правен акт кој е од заеднички интерес, а тоа е со широка јавна дискусија и соработка на сите засегнати страни, истакна Костадиновска-Стојчевска.

Рече и дека новиот закон дава правна основа за да се донесе национална стратегија за македонскиот јазик, а од него  произлегуваат и важни иницијативи, како стипендирање ученици од четврта година средно образование и студенти на додипломски, магистерски и докторски студии со што смета дека се прави голем исчекор кон мотивирање на младите за проучување на македонскиот јазик.

Гордана Силјановска-Давкова од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во расправата кажа дека е направен „голем чекор напред“ и дека „ова е почеток на успешна приказна“ затоа што, како што рече, секојдневно се соочуваме со непочитување на македонскиот јазик во државни институции и дека новиот закон „ќе нѐ насочи кон потребата од негово зачувување“.

Посочи дека во дискусијата се прифатени амандмани, но остануваат, рече, недовршени работи. Смета дека е многу подобро членовите на Советот за македонски јазик „да се регрутираат“ од најважните институции за заштита на јазикот, и самите тие да го избираат претседателот на Советот, а не тоа да го прави Владата. Исто така, рече дека „нема разбирање од бегањето од поимот македонистика“.

Силјановска-Давкова рече и дека била восхитена од изјавата на бугарскиот преведувач на македонска современа литература Пламен Тотев дека „неверојатно уживал во читање  и споредување на македонската и бугарската белетристика“ и дека „во македонскиот јазик препознава и признава европски тенденции од зачетоците до денес“.

-Тоа е добра волја и сѐ додека има вакви изјави има надеж за меѓусебно разбирање. За жал, претседателот на Собранието  извештајот за негова работа го презентираше прво напишан на албански, отпечатен од Собранието, потоа на македонски јазик. Не очекувам од него уставен патриотизам, но очекувам почитување на Уставот и Рамковниот договор каде пишува дека македонскиот јазик е службен на целата територија на државата и во меѓународните односи, рече Силјановска-Давкова.

Ѝ реплицираше пратеничката Снежана Калеска-Ванчева од СДСМ која рече дека тие „не бегаат од поимот македонистика“ и дека се надева дека „ќе остане во минатото и нема да се повтори газењето на македонскиот јазик, целосна непочит кон творецот, таткото на современиот македонски јазик Блаже Конески, кој не така одамна беше нарекуван ’џуџето од Небрегово’“.

Ја потсети и дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не гласале за Договорот Фронтекс, како што рече, „прв договор на македонски јазик потпишан од 26 земји членки на ЕУ“.

-Не бегаме од поимот македонистика и никогаш нема да доживееме однесување на целосно непочитување на сопствена историја и јазик кој го признава  Европската Унија, рече Калеска-Ванчева.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: законлекторимакедонски јазик

НАЈНОВО

Инаугурација на папата Лав Четиринаесетти. Фото: Скриншот

Мистиката на папската облека и прстенот – симболи на моќ, жртва и светост

May 18, 2025

Алкалоид денеска во Атина го игра првиот натпревар од финалето во Европскиот куп против АЕК

May 18, 2025
Фото: Скриншот

Вучиќ: Студентите се заведени од социјалните мрежи и нивните професори, не ме интересираат никакви барања, само народот ќе се слуша

May 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Австрија победник на Евровизија 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • АД МЕПСО: Поради нискиот транзит и конзум на електрична енергија дојде до краткотраен испад на 110 киловолтната преносна мрежа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тетовец зел 25.000 евра пари со камата, му одзеле два стана во вредност од 150.000 евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руското влијание во Србија и Балканот: Геноцид, пропаганда, негирање и хегемонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk