Според извештаите од косовската полиција, во рацете на граѓаните има премногу оружје. Имено, , во текот на 2023 година полицијата запленила 1.392 парчиња оружје и 37.215 парчиња муниција“, пишуваат косовските медиуми.
САД бараат да се одложи примената на новата регулатива со која се исклучува динарот како валута за трансакции во Косово, новата одлука на Централната Банка на Косово.
Ова се само дел од денешниот редакциски избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот.
КОСОВО
Зери: Многу оружје во рацете на граѓаните, во текот на 2023 година полицијата запленила околу две илјади различни оружја и муниција
Бројот на нелегалното оружје во рацете на граѓаните во Република Косово и понатаму е висок. Овој факт секојдневно се одразува во полициските извештаи.
„Полицијата при оперативни и истражни дејствија секогаш кога има сознанија или наиде на недозволено оружје при истраги, го одзема и покренува кривично дело. Во текот на 2022 година полицијата запленила 1.473 парчиња оружје и 29.903 парчиња муниција. Во меѓувреме, во текот на 2023 година полицијата запленила 1.392 парчиња оружје и 37.215 парчиња муниција“, продолжува.
Опасноста од ова оружје се смета за многу висока. Според експертите за безбедност, повеќето од нив се нелегално оружје останато од минатата војна, пренесува Зери.
Газета Експрес: Ховение се сретна со гувернерот на ЦБК, бара од него да ја одложи примената на новата регулатива со која се исклучува динарот
Американскиот амбасадор во Косово, Џефри Ховениер, соопшти дека денеска се сретнал со гувернерот на ЦБК, Ахмет Исмаили.
Ховениер рече дека побарал одложување на примената на новата регулатива со која се исклучува динарот како валута за трансакции во Косово, пренесува Газета Експрес.
Бота Сот: Во Хаг денеска продолжува судскиот процес против поранешните лидери на ОВК
Денеска во Специјализираните комори на Косово во Хаг ќе продолжи судскиот процес против поранешните лидери на Ослободителната војска на Косово.
Специјализираните комори на Косово (ДХСК) во Хаг вчера им ја продолжи мерката притвор за два месеци на Реџеп Селим и Јакуп Красниќи, пренесе Бота Сот.
АЛБАНИЈА
РТШ: Апелацискиот суд го отфрли барањето на Фреди Белери да положи заклетва како градоначалник на општина Химара
Специјалниот апелациски суд го одби барањето на Фреди Белери да положи заклетва како градоначалник на Химара, пред советниците. Белери ја обжали првостепената одлука, која исто така го одби барањето за неговата заклетва, но Апелација го потврди истото решение.
Пред три дена, на 29 јануари, Апелација го одби барањето на Белери за промена на мерката за безбедност, оставајќи го во затвор, пренесе РТШ.
Топ Чанел: Договорот Албанија-Италија за имигрантите/ Опозицијата поднесе дополнителни документи, уште една седница на Уставниот суд
Уставниот суд денеска повторно заседава по прашањето за договорот меѓу Албанија и Италија за сместување на имигранти.
Седницата повторно ќе се одржи денеска, бидејќи опозицијата, која го обжали случајот, презентираше дополнителни документи, пренесува Топ Чанел.
КОЛУМНА
Коха: Проблемот не е во условувањето на интеграцијата со дијалог, туку неправедноста на ЕУ во нејзините оценки
„Во право се во ЕУ кога велат дека за да не се условува интеграцискиот процес со дијалог, треба да се отстапи од главните принципи во процесот на проширување. Не е тоа проблемот.
Проблемот е недостатокот на непристрасност од страна на ЕУ во оценувањето на земјите од регионот. ЕУ е неправедна кон Косово и тоа е лесно да се докаже.“, пишува косовскиот автор Аугустин Палокај во колумната „ Проблемот не е во условувањето на интеграцијата со дијалог, туку неправедноста на ЕУ во нејзините оценки“, објавена во Коха.
Подгови: Д. Тахири / Цивил Медиа