Основното училиште во Ростуше ќе се реконструира со средства добиени од Владата, објави на Фејсбук пратеничката на СДСМ, Белкиса Зеќири.
„Една преубава вест за сите жители на Маврово и Ростуше. После децении и децении конечно училиштето ООУ Хајан Селмани – Ростуше, ќе добие нов изглед. Реконструкцијата е финансирана од Владата на Република Северна Македонија , односно министерството за образование. Благодарност за сите чинители и вклучени страни во овој значаен проект со што се заобиколува еден процес во кој придобивки имаат жителите на нашата општина. Бидејќи : “Најмногу се исплати инвестицијата во знаењето, образованието” -Бенџамин Френклин. Продолжуваме….“, наведува во објавата пратеничката Зеќири.